
10 ПРАВИЛА ЗА НЕЗАБОРАВНА МАТУРСКА ВЕЧЕР

Одговорното консумирање може да ја направи разликата меѓу матурска вечер за паметење и вистинска катастрофа на која се сеќавате само матно.
Сакате да се сеќавате на секој момент од вечерта затоа не пијте на празен стомак. Пред да почнете со пиење, а и помеѓу пијалаците секогаш јадете храна што содржи јаглехидрати. Јадењето ја успорува апсорпцијата на алкохолот и ви дава повеќе енергија за уживање.
Комбинирајте ги вашите пијалаци со вода. Водата ви помага да бидете хидрирани и го намалува процентот на алкохол во организмот.
Размислувајте за помалку. Одберете помало шише или помала чаша.
Избегнете дополнување. Избегнете дополнувања на полуполна чаша за да имате контрола на внесеното количество алкохол.
Мешајте слободно со безалкохолни пијалаци. Пиењето безалкохолни пијалаци по секоj алкохолен пијалак влијае позитивно на расположението.
Внимавајте на бројот на турите. Имајте ја контрола во свои раце (па и заштедете) со поретки тури или со тоа што ќе пропуштите по некоја тура.
Имајте го предвид полот. Кај жените алкохолот влијае посилно и побрзо отколку кај мажите. Тоа е така бидејќи женскиот организам во просек има помала тежина и содржи помала количина вода.
Определете трезен возач. На крајот од вечерта одредете некој кој не пиел да ве однесе дома или побарајте такси.
Направете пауза. Дајте му шанса на вашиот црн дроб да закрепне и останете во добра форма.
Појадок по долгата вечер. По одличната забава наспијте се и појадувајте обилен протеински појадок.