Квалитет и безбедност на храна

Квалитетот е неизбежен дел од сите сегменти на нашето работење, а нашиот успех се заснова врз производи и услуги со гарантиран квалитет и интегритет.

Пивара Скопје е меѓу првите компании во Република на Македонија кои воведоа ефикасен систем за интегрирано управување со квалитетот и безбедноста на храната во својот производен процес. Нашата главна одговорност е, секако, гарантирање беспрекорен квалитет на нашите производи во секоја фаза од нивното производство, почнувајќи од суровините до финалниот производ, вклучувајќи ги и транспортот и дистрибуцијата, па сè до последната фаза на процесот, која се состои од освежување и уживање во нашите производи.
Нашиот систем за интегрирано управување со квалитет и безбедност на храна е подложен на постојано одржување, надградба и унапредување – сè со цел одржување на врвниот квалитет и безбедноста на нашите производи.
И натаму остануваме посветени на целта на нашите клиенти и потрошувачи да им го понудиме само најдоброто.

КВАЛИТЕТОТ Е НАШАТА ДВИЖЕЧКА СИЛА

Што подразбира квалитетот во компанијата Пивара Скопје? Една од главните движечки сили на нашата компанија е квалитетот. И кога велам квалитет, не мислам само на квалитетот на нашите производи, тук...

17 декември 2015

Полна чаша на Instagram