ОГЛАС ЗА РАБОТА: КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ
Работната позиција важи за сите градови во Македонија: за Битола, Кавадарци, Неготино, Велес и Гевгелија, Кочани и Штип.
Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија
- Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
- Добро познавање англиски јазик
- Чувство за односи со клиенти
Краток опис на основните одговорности:
- Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
- Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и дистрибутивната мрежа;
- Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
- Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
- Генерирање и проследување нарачки до производителот;
- Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
- Подготовка на соодветна документација за продажба;
- Давање насоки на клиентите за употреба на производите.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Минимална основна бруто-плата за работното место е 25.000,00 МКД плус варијабилен дел во износ што зависи од исполнувањето на поставените цели. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пратат своја кратка биографија (англиски и македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата, „Комерцијалист – Унапредувач на пазарот“, најдоцна до 4.12.2017 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.