ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПИВАРА СКОПЈЕ НАГРАДЕНИ ЗА ВОЛОНТЕРИЗАМ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Вработените во Пивара Скопје го добија годишното признание за волонтеризам од Црвениот Крст на Град Скопје.  Во изминатата 2016 година, вработените во Пивара Скопје покажаа подготвеност и желба да помогнат во низа активности кои компанијата ги реализираше на полето на општествената одговорност, вклучувајќи; учество во акцијата на Црвениот Крст за олеснување на последиците од големите поплави кои во август годинава го погодија Скопје, предавања во проектот за едукација на деца за Здравје и Безбедност во училиштата, менторски ангажман во проектот “Вештини за успех”, еко-акцијата за чистење на кејот на Вардар и други.

Ова признание е вистинска потврда за волонтерскиот ангажман на вработените во Пивара Скопје, но истовремено претставува мотив повеќе за сите во компанијата и во иднина да го негуваат волонтерскиот дух и обврска секогаш да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна.

Полна чаша на Instagram