Ние и заедницата

ГИ ЗНАЕТЕ ЛИ ХЕРОИТЕ МЕЃУ НАС?

  1. Од што се моравте да се откажете ти и твоите најблиски за да стигнете до овој успех?
  • Поддршката која секојдневно ја добивам од мајка ми, баба ми и вујко ми е непроценлива. Тие се најзаслужни за овој успех, и во текот на годините се трудевме да не се откажуваме од ништо. Буквално бевме насекаде, на секое поле. Не имаше и на прошетки, и во театар, и на опера, балет, во кафуле, на летен и зимски одмор, каде низ игра, смеа, шега учев многу нови работи.

  1. Колку енергија и пожртвуваност вложуваш за да бидеш дел од тимот кој победува?
  • Енергија и пожртвуваност не многу, туку премногу. За да бидам дел од тимот кој победува секојдневно вежбам, читам, раскажувам, цртам, вежбам правилно да изговарање правилно на зборови, реченици, мегусебен дијалог .
  1. Дали наиде на морални и физички бариери за твое интегрирање и социјализација?
  • Кога станува збор за бариерите и вредностите можам слободно да кажам дека со такво нешто не се соочував. Бев целосно прифатена од страна на моите наставници, професори кои многу ми помагаа во текот на наставата и надвор од тоа.

  1. Дали условите во образовниот систем од најрана возраст ги задоволија твоите потреби како млад човек за рамноправен развој во однос на твоите врсници?
  • Условите се такви какви што се, не можам да барам повеќе од она колку што им е дадено на моите наставници и професори низ моето школување. Сето останато го надополнуваше мајка ми која се трудеше и се уште се труди за ниту малку да не се двојам од моите врсници во ништо што му е потребно на еден млад човек како мене.
  1. Постојат ли доволно семинари, тренинзи, курсеви, и работилници кои ти помогнаа во остварување на твоите цели?
  • Не, немаше доволно тренинзи, курсеви, семинари. Сето тоа јас со моите најблиски сами го реализиравме за да дојдам до овој успех.
  1. Постојат ли услови и области за кариера каде во целост можеш да ги реализираш своите интелектуални капацитети?
  • Услови постојат, ако ме прашувате за во државава, само е потребна човечка свест и добра волја .
  1. На кој момент си посебно горда?
  • Горда сум на моментот кога го завршив средното образование, во ништо поразлична од моите врсници. И јас славев матурска вечер, и јас бев во диско, и јас ги полагав државните испити. Со еден збор и јас ги добив истите честитки како моите врсници .

  1. Која беше твоја мотивација да истраеш и успееш?
  • Зошто да не истраам, зошто да бидам поразлична од другите, зошто сите да ме гледаат чудно кога нема потреба. И јас можам да разберам , и јас можам да прашам и одговорам на секое поставено прашање. Не сакав мојата мајка да се срами со мене, некој ништо да и пререче, да и дофрли некој збор за мене што нејзе би ја повредил. Застанува пред секого, одговара на секого се што треба кога сум јас во прашање.
  1. Кои се твоите цели и планови за во иднина?
  • Мојата цел е да продолжам со моето едуцирање, запознавање низ животот со се и сешто добро и лошо, тешко и лесно и да се соочам со сите овие ситуации. Планови имам многу, да продолжам со учење, да станам и јас академски граѓанин, да се вработам, да можам и јас да придонесувам за мене и мојата држава.
  1. Можеме ли да очекуваме твое идно големо достигнување на кое посебно ќе бидеме горди како земја и ќе биде инспирација за генарации млади луѓе?
  • Секако, нема да застанам тука, ќе се надградувам и понатаму и ќе осознавам нови вештини, нови знаења од различни области и ќе споделувам свои искуства.

 

Полна чаша на Instagram