

ДАВАЊЕТО НОВ ЖИВОТ НА УПОТРЕБЕНАТА АМБАЛАЖА Е НА ВРВОТ НА НАШАТА АГЕНДА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ



Количината на отпад со која е загадена нашата планета со право добива големо внимание во последно време. Ја разбирам важноста на оваа тема за повеќето луѓе, бидејќи и јас се вознемирувам кога гледам ѓубре расфрлано во парковите, на плажите и во океаните.
Како компанија која се занимава со полнење, продажба и активирање на брендови за пијалаци на 28 пазари, ние во Coca-Cola HBC свесни сме за проблемот и нашата улога во изнаоѓање на соодветно решение. Минатогодишната тема на Светскиот ден на животната средина беше “Да го победиме загадувањето од пластика”, па затоа сега, после една година, сакам да се осврнеме и да видиме што имаме досега направено за да се справиме со овој проблем и што можеме да направиме подобро во иднина.
Многу луѓе ме прашуваат зошто едноставно не престанеме да ја користиме пластиката. Предизвикот со кој се соочуваме е тоа што во моментот пластиката е најдобра од сите материјали за пакување, бидејќи е безбедна, хигиенска, издржлива, прилагодлива, има можност повторно да се употреби и може да се рециклира, а најсоодветна е и во однос на влијанието кое го има врз животната средина од нејзиното производство и транспортот. Проблемите со кои денес се соочуваме, се јавуваат главно по нејзината употреба, кога е заглавена во депонија или кога е оставена во средината како отпад. Сепак, ова не мора да биде случај. Ако можеме да вратиме доволно пластични шишиња назад, со соодветно ниво на квалитет, тие стануваат вредна суровина која може да се рециклира и повторно да се користи. И додека технологијата напредува, ние стануваме се подобри во тоа.
Свет без отпад
Ние заедно со нашите стратешки партнери, The Coca-Cola Company, се стремиме кон сеопфатен повеќегодишен план кој директно придонесува за решавање на проблемите поврзани со пакувањето. Овој пристап – Свет без отпад – има за цел до 2030 година да се собере и да се рециклира онаа количина на пластични шишиња и лименки еднакво на количината што ќе ја продадеме.
Како чекор кон ова, ние во Coca – Cola HBC имаме низа определби минатата година, кои треба да се постигнат до 2025 година, а се осмислени за да придржуваме дека ќе продолжиме да ја одржуваме одржливоста преку целиот наш бизнис. Целта на овие определби е 100 % од потрошувачката амбалажа да може да се рециклира, да се овозможи поголемиот дел од вкупната количина на пластика која ја употребуваме, да доаѓа од рециклирана PET амбалажа, а се обврзавме дека ќе придонесеме да се добере еквивалент на 75 % амбалажа која се употребува за нашите пијалаци.
99% од амбалажата може да се рециклира
Веќе направивме неколку големи чекори за да ги оствариме овие цели.
На пример, 99% од нашето пакување сега може да се рециклира, а идентификувавме и неколку можности за понатамошно подобрување, со тоа што ќе обезбедиме компатибилност помеѓу нашите пакувања и постоечките рециклирачки постапки и правила (на пример, преку употреба на соодветни бои, адитиви и др.).
Во поддршка на нашите напори за користење на повеќе рециклирани PET (rPET) пакувања, се здруживме со трети страни за да обезбедиме подобар пристап до добавувачите на rPET и технологиите кои се поврзани со ова. На пример, во Австрија инвестиравме во фабрика за преработка на стара PET амбалажа во нова. Имаме удел од 20%, заедно со други FMCG компании, и оваа година овозможивме испораката на нашиот австриски бренд за вода Römerquelle да биде во 100% рециклирачки (rPET) шишиња.
Пред неколку дена пак објавивме дека секое шише од ирскиот бренд за вода, Deep RiverRock, исто така ќе биде направено од 100% рециклирачка пластика, а оваа година на оваа листа ќа је додадеме и Швајцарија со својот бренд за вода. Дополнително, ние ќе го зголемиме процентот на rPET што се користи во нашите шишиња за Coca-Cola и Coca-Cola Zero во Швајцарија и Австрија на 50 %, додека продолжуваме да работиме на нови можности на ова поле за да ги опфатиме сите 28 наши пазари.
Напредок во собирањето отпад
Во 2018 година, во соработка со нашите партнери собравме во просек околу 45% од нашите пакувања. Започнавме неколку големи иницијативи за понатамошно зголемување на овој процент на нашите пазари. На пример, во Русија минатата година во соработка со индустријата, презедовме активна улога во основање на првата организација за управување со пакување и отпад од пакување (RusPRO). Паралелно, ја поддржавме иницијативата “Одвој со нас”, која има за цел да ја подигне свеста околу рециклирањето и да придонесе да се даде нов живот на веќе употребената амбалажа.
Во Нигерија, во партнерство со локалната индустрија и засегнатите страни, исто така, помогнавме да се основа првата организација за управување со отпад од пакување. Поддржавме и неколку проекти наманети за подобрување на собирањето отпад и во други земји, како што е проектот за собирање пластика”Аcт with imPETus” во Полска и пилот проект за посебно собирање на отпад во Украина.
Дополнително, ние работиме и со други засегнати страни за поддршка на разни програми за локално собирање на отпадот кои, во зависност од локалните услови, вклучуваат организации за управување со пакување и отпад од пакување, како и разни програми за враќање на депозити. Ние сме дел од 19 други програми за управување со отпадот од пакување на нашите пазари и имаме политика за отпад од пакување и рециклирање, која претставува рамка преку која работиме на сите наши пазари.
Овде, во Пивара Скопје, непроценливо е да се видат вработените како се ангажираат во иницијативи за собирање на отпадот, како што е волонтерската акција за чистење на животната средина која се одржа минатата година на Кејот на Вардар. Овие волонтерски часови ја нагласуваат личната посветеност на вработените и можноста да се осигура дека нашите јавни простори се чисти. Нашата стапка на рециклирање на отпад заедно со Пакомак (како еден од неговите основачи) е над 90%.
Сведување на минимум на влијанието врз животната средина е стратешка цел на Пивара Скопје. Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во доменот на одржливиот развој, Пивара Скопје континуирано вложува во оваа област и спроведува конкретни активности со кои придонесува за почиста животна средина. Тие активности се насочени кон правилно управување со отпадот од амбалажа, како и намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на вода. Како еден од основачите на Пакомак, Пивара Скопје постојано вложува и во ефикасноста на системот за собирање и рециклирање на целокупниот отпад од пакување во земјата.
За своите досегашни заложби за одржливост и евидентните резултати во заштита на животната средина, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, четири години последователно е рангирана на првото место во индустријата за пијалаци во светот, според престижното глобално рангирање кое го прави „Доу Џонс индекси за одржливост“.
Истражување на алтернативите
Знаеме дека ни претстои уште многу работа и затоа продолжуваме да соработуваме со Универзитетите и други организации во потрага по соодветна и трајна замена за пластиката. На пример, имаме голема можност во доменот на секундарното пакување. Планираме да ги замениме пластичните обвивки со картонски подлоги, за да можеме и понатаму да ги чуваме лименките во пакувања од 4-24 пијалаци. Уверени сме дека, како што напредува технологијата, се зголемува свеста и се создаваат повеќе и подобри извори на рециклирани материјали за употреба во прехранбената индустрија и да придонесеме доведување нов живот на материјалите што веќе се во оптек.
Покрај нашите напори за поголем одржлив развој, нашите определби, наречени “Мисија – одржлив развој 2025”, не обврзуваат на понатамошно намалување на емисиите од нашето работење, како и да продолжиме да се фокусираме нашите активности за одржливо користење на водата и водните ресурси, суровините, исхраната, здравјето и благосостојбата во нашата организација и нашите заедници. Нашиот напредок во овие области, може да се најде во нашиот интегриран годишен извештај на следниот линк : https://coca-colahellenic.com/en/investors/2018-integrated-annual-report/