ДВА МИЛИОНА СРЦА БИЈАТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ

Големо навивачко платно со пораки од СКОПСКО и фановите

Како што му доликува на верниот пријател на ракометот и на македонскиот спорт, СКОПСКО и неговите фанови, со пораки за добар настап, ги испратија македонските ракометни репрезентативци на Европскиот шампионат што започнува на 15-ти јануари во соседна Србија.

Пораките за добар настап на Европското првенство беа испишани на осумметарското навивачко платно кое денеска му беше предадено на капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров и селекторот Звонко Шундовски, од страна на комерцијалниот директор на Пивара Скопје АД, ДидрикКалф.

Два милиони срца бијат за вас и Напред за нашите херои! се само дел од пораките од СКОПСКО и многубројните фанови, на навивачкото платно кое беше поставено на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје.

„Ќе играме со полно срце и душа за вас и за Македонија. Ќе сториме сè за да ја оправдаме вашата огромна доверба“, возвратија ракометарите на желбите за успех на верните пријатели на ракометот.

Креирањето на навивачкото платно е дел од комуникациската платформа „Вкусот на нашата гордост“, на која како „Верен пријател на македонскиот ракометен тим“ се потпишува СКОПСКО. Покрај навивачкото платно, оваа платформа содржи и специјална серија на СКОПСКО од 0.33л и 0.5л, за кои беа изработени специјални етикети посветени на ракометот, како и специјално креираниот СКОПСКО навивачки дрес, кој пред почетокот на Европското првенство им е достапен на навивачите и поддржувачите на македонската ракометна селекција преку продажни акции на СКОПСКО.

Целта на сите овие активности на СКОПСКО е создавање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите ракометари за постигнување високи резултати на Европското првенство.

Поддршката и партнерството на СКОПСКО и Пивара Скопје АД со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) трае непрекинато веќе 30-ина години.

Полна чаша на Instagram