ДЕН ЗА ОДГОВОРНА КОНСУМАЦИЈА
18 септември 2015
На 18 Септември во Пивара Скопје го одбележавме меѓународниот “Ден за одговорна консумација”. Кампањата има за цел да ја подигне свесноста за одговорна консумација и нашата обврска како компанија за промоција на одговорно консумирање. Прекумерната консумација не значи успех за нашиот бизнис и воопшто не придонесува за одржлив раст на општеството во целост. Оваа кампања беше дел од глобална платформа каде трите најголеми светски производители на пиво, вклучувајќи го и Heineken, како партнери дадоа поддршка на оваа активност. Одговорната консумација не смее да биде само еден ден, таа е наша долгорочна обврска и треба да биде дел од нашето секојдневно однесување.