ЕКСКЛУЗИВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ГОРСКО НА ПИВОФЕСТ 2011
16 јули 2011
Водечкиот македонски фолк интерпретатор Наум Петрески, на третиот ден од „Пивофест“ (сабота, 16 јули 2011), ќе биде ексклузивен гостин на штандот на Пивара Скопје АД.
Наум ќе изведе дел од неговиот богат репертоар, со фокус на материјалот од најновиот албум „Оди ѕвездо“, кој како круна на 25-годишната успешна кариера, беше поддржан од Пивара Скопје АД и мераклиското пиво Горско.
За партнерството со Пивара Скопје АД, Наум Петрески изјави: „Горско е пиво за мерак, а и мојата музика е за вистински мераклии. Затоа спојот на мојата музика и Горско е сосема природна и логична“.
Наум Петрески ќе настапи на штандот на Пивара Скопје АД во попладневните часови, во периодот пред почетокот на официјалната програма на фестивалот.