Пивски приказни

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОРАМНОПРАВНИ ВО БИЗНИСОТ ОТКОЛКУ ВО САД

Пивски приказни

Во Македонија се чувствува како дома, а Македонија веќе одамна ја прифати како дел од големото семејство. По потекло од Орегон, Мишел Османли по ангажманите во неколку македонски компании, како ЕВН и телекомуникацискиот оператор ОНЕ, стана извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија. Преку ова работно место таа уште подетално се запозна со бизнис-климата во Македонија.

И среќна е што живее и работи во нашата земја, иако сè уште се нема навикнато на одредени македонски бизнис-практики. „Не можам да кажам дека целосно се приспособив, но се помирив“, искрена е госпоѓа Османли во интервјуто со нас, кое го направивме во опуштен разговор во скопското кафуле „Интермецо“.

Во Македонија живеете и работите речиси 10 години. Ја чувствувате ли веќе Македонија како свој дом?

Mishelle-OsmanliЈас дефинитивно во Македонија се чувствувам како дома и горда сум што сум една од неколкуте натурализирани американски Македонци!

 

Колку време Ви беше потребно за да се приспособите на македонскиот начин на работа и бизнис-комуникација? Постои ли нешто што и ден-денес Ви пречи, но и нешто што постојано пријатно ве изненадува?

Mishelle-OsmanliМи беа потребни околу 3 години за вистински да ги разберам локалните бизнис-практики. Не можам да речам дека целосно се приспособив, но се помирив со нив! Локалната бизнис-заедница која има интернационални сфаќања е навистина мала, што значи дека личните односи се реални и навистина внесуваат разлика. Негативната страна на ова е што сè зависи само од неколку поединци. Би сакала да кажам дека во Македонија централни се луѓето, а не системите. Ова често знае да биде предност, но исто така може да биде и слабост.

Стекнавте огромно работно искуство во приватниот и во непрофитниот сектор. Бевте дел од неколку големи македонски компании, а сега сте на чело на Американската стопанска комора во Македонија. Каква е од Ваша гледна точка денес бизнис-климата во Македонија?

Mishelle-OsmanliИако многу закони и процедури се изменија во последниве 10 години, бизнисите сè уште се соочуваат со недостиг од прецизност и предвидливост при нивната имплементација. Особено за компаниите што се насочени кон локалните клиенти, би можела да кажам дека многу аспекти од економијата не ја следат типичната логика на пазарот. Па така, успешна работа тука значи испорака на квалитет на своите клиенти додека се справувате со предизвикувачкото правно опкружување на релативно малиот и сиромашен пазар. Деловните луѓе од западниот свет можат да научат многу од локалните за креативноста, адаптацијата, флексибилноста и менаџирањето на стресот!

Каква е улогата на Пивара Скопје во Американската стопанска комора?

Mishelle-OsmanliПивара Скопје е една од најлојалните и најстари членки на AmCham*, која се зачленила уште во 2001 година. Оттогаш Пивара исто така е една од најактивните членки, вклучувајќи го прераснувањето во патрон-членка во 2008 година, учествувањето како член во Одборот на директори, директното спонзорирање на повеќе од 12 наши настани и придонесувањето кон содржините на нашите публикации и настани со говорници, па дури и отстапување свои простории како место за настани. Искрено, можам да кажам дека членовите како Пивара Скопје  ја прават AmCham реалност.

Американската стопанска комора, покрај другото, работи и на поттикнување на општествено одговорните практики (ОПП) помеѓу своите членки. Како ја оценувате соработката со „Пивара Скопје АД“ и каков белег остава оваа компанија преку своите платформи за ОПП во заедницата во која дејствува?

Mishelle-OsmanliНие сме многу горди што нашите членки се лидери во ООП-практики во земјата. Како една од најстарите и најуспешни транзициски компании, Пивара навистина инвестираше во локалната заедница. Долгорочната поддршка на Пивара на разни културни и едукативни институции е значаен столб на заедницата, а не краткотраен бесмислен обид за привлекување на медиумското внимание.

Каква е улогата на жените во бизнисот во Македонија и се подобрува ли застапеноста на жените на менаџерски позиции?

Mishelle-OsmanliСметам дека има многу импресивни жени на лидерски позиции во бизнисот и во Владата во Македонија, иако официјално тие се на второ или трето место во нивните организации. Мислам дека ова е резултат на југословенската политика за еднаквост, која во одредени сегменти (на пример, парламентарната квота) е сè уште во сила. Лично, не сум осетила полова дискриминација во Македонија и мислам дека ова е една од областите во кои земјава има подобри резултати од САД!

 Успевате ли да направите баланс помеѓу професионалните обврски и улогата на мајка и сопруга?

Mishelle-OsmanliНајдобро да го прашате моето семејство, но мислам да. Ова е главната причина поради која останавме во Македонија толку долго.

 

По службените обврски, кои многу често ги завршувате и по работното време, следуваат и приватните обврски кон семејството, ви останува ли слободно време да се посветите на активен живот и активности како спорт и рекреација?

Mishelle-OsmanliТочно е дека нема доволно часови во денот за сè, иако наоѓам време да возам велосипед, да планинарам и да вежбам. Скопје ги нуди сите овие работи по релативно ниска цена и со висок квалитет.

 

 Има ли место за пиво на Вашата домашна трпеза? Поточно, дали сте поклоник на пивската култура?

Mishelle-OsmanliЈас сум од Орегон, држава во САД која е релативно позната по своите микропиварници. Исто така, сум живеела и во Германија како ученик на размена, па би можела да кажам дека дефинитивно сум љубител на пивото.  Мои омилени вкусови на пиво се светлото и пченичното, иако би пробала и би уживала практично во секое.

Полна чаша на Instagram