ЗАЕДНО ДО НОВИ ГОЛЕМИ ПОБЕДИ
Во пресрет на Европското првенство во ракомет 2012, СКОПСКО ја продолжува поддршката на македонскиот ракомет која непрекинато трае во изминатите 30-ина години. Заедно со многубројните фанови, СКОПСКО интензивно се подготвува за создавање на победничка атмосфера и поддршка на ракометарите, пред и за време на првенството.
СКОПСКО, како докажан пријател на македонскиот спорт, го продолжува партнерството со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во насока на поддршка на потребите на целиот национален ракометен тим за постигнување на високи резултати на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи од 15-ти до 29-ти јануари во Србија.
Верни на долгата традиција која е нераскинлив дел од сите успеси на македонскиот спорт, и во оваа прилика, пред и за време на првенството, СКОПСКО, заедно со многубројните фанови се подготвува во создавањето на вистинската навивачка атмосфера и поддршката на нашите ракометари. За таа цел како дел од активациската платформа, подготвена е специјална серија на СКОПСКО од 0.33л и 0.5л. за кои се изработени специјални етикети. Продажбата на оваа серија започнува од 1ви Декември, 2011.
„Традицијата на соработка меѓу РФМ и СКОПСКО трае веќе 30-ина години. Како докажан партнер, имаме јасна определба и понатаму да бидеме дел од оваа приказна која покрај спортскиот успех, во себе содржи многу национална гордост. СКОПСКО и понатаму останува посветен на поддршката на вистинските вредности што ја одликуваат Македонија и нејзините граѓани“, изјави Дидрик Калф, комерцијален директор на Пивара Скопје АД.
Искажувајќи задоволство од најавеното продолжување на договорот за партнерство со СКОПСКО, претседателот на РФМ, Михајло Михајловски рече:
„Бидете сигурни дека доколку ги немаше пријателите на ракометот, каков што е СКОПСКО, ние можеби денеска воопшто немаше да зборуваме за учество на Европско првенство. Токму поддршката од СКОПСКО и Пивара Скопје АД во изминатите 30-ина години има свој голем удел во досегашните успеси и афирмацијата на македонскиот ракомет. Со најавата за продолжување на ова партнерство поставуваме уште поцврсти темели за понатамошните врвни достигнувања на македонскиот ракомет“.
„Сигурни сме дека ракометарите ќе дадат сè од себе за да го вивнат македонскиот ракомет во нови светски височини, а ние ветуваме дека СКОПСКО ќе биде со нив и од сè срце ќе ги бодриме за одново заедно да ги прославиме новите големи победи кои повторно ќе нè исполнат со радост и национална гордост“, потенцираше Катерина Хаџи-Ангелеска Начевска, специјалист за Односи со Јавноста од Пивара Скопје АД.