Во Пивара Скопје, ние сме посветени на водење бизнис со правичност, интегритет и почитување на законите и нашите вредности. Ние мора да работиме сите заедно за да го исполниме нашето ветување секогаш да го правиме она што е правилно, а не само она што е лесно.
Наша постојана посветеност е да ги почитуваме етичките стандарди на Пивара Скопје и да изразуваме загриженост ако станеме свесни за потенцијално кршење на нашиот Кодекс на деловно однесување, Политика против корупција или Политика за човекови права или ако сме сведоци на однесување што може да претставува прекршување на локалните закони и регулативи или не изгледа во согласност со вредностите на нашата компанија.
За да пријавите загриженост, можете да пристапите на линијата Зборувај! (Speak up!) нa www.coca-colahellenic.
Нашата линија Зборувај! е достапна 24/7 за сите вработени, надворешни добавувачи и останати стеикхолдери. Линијата Зборувај! е управувана од страна на надворешна, независна трета страна и ви овозможува да изразите загриженост или да поставувате прашања, доверливо и на вашиот сопствен јазик.