Активен живот

НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА СТЕВИЈА

Активен живот

Денес живееме со брзо темпо на живот, ставајќи поголем акцент на нашите секојдневни навики и животен стил кои треба да ни помогнат да го издржиме таквото темпо. Покажувајќи интерес за теми како здрав животен стил, урамнотежена исхрана, енергетска рамнотежа, умереност, но исто така и за теми како што се вештачките и природните состојки, сите бараме природен начин на кој ќе можеме да уживаме во здрав и урамнотежен животен стил.

Консумирањето нискокалорични или засладувачи без калории од природни извори како дел од урамнотежен, умерен начин на исхрана е одговор на сè поголемата побарувачка на потрошувачите за блага храна и пијалаци со помал број калории.

Ајде да научиме нешто повеќе за стевијата, засладувач од природно потекло кој има широка примена во индустријата за производство на храна и пијалаци.

Што е стевија?

Стевија е засладувач кој не содржи калории, а се добива од лисјата на растението стевија.
Латинското име на стевијата, која потекнува од Парагвај, е Stevia rebaudiana и припаѓа на семејството хризантеми. Листот на растението стевија претставува уникатен извор на интензивна, природна слаткост. Слаткоста од листот на стевијата се екстрахира и се прочистува, со што се добива засладувач без калории кој се користи за засладување на многубројни прехранбени производи и пијалаци насекаде низ светот, без притоа да се додадат калории.

Како се произведуваат засладувачите од стевија?

Листовите на растението стевија се берат и се сушат тогаш кога ќе постигнат највисок степен на слаткост. Исушените листови стевија се потопуваат во вода за да се ослободат супстанциите со најдобар вкус. Потоа екстрактот се филтрира, се прочистува, се суши и се кристализира. Крајниот производ е засладувач со голема чистота кој може да се користи во комбинација со други засладувачи, како шеќер и овошен сок, со цел производство на одлични нискокалорични или бескалорични производи или производи со намален број калории.

Дали стевијата се користи како засладувач на пијалаци?

The Coca-Cola Company веќе 50 години работи на иновации во однос на слаткоста со цел на своите потрошувачи да им овозможи широка понуда и да одговори на нивните индивидуални потреби за освежување, уживање и хидратација.

Стевијата како засладувач се користи во пијалаците на Coca-Cola со цел да се одговори на сè поизразената побарувачка на потрошувачите за пијалаци со одличен вкус, засладени со природни засладувачи. Стевијата е засладувач кој не содржи калории и при неговото комбинирање со дополнителен засладувач, како шеќерот, им нуди на потрошувачите производи со намалени калории или нискокалорични производи.
Употребата на засладувачи добиени од листовите на растението стевија има долга традиција насекаде низ светот и таа е дозволена во голем број земји. Примери за тоа се САД, Канада, Австралија, Кина, Јапонија, Русија, Швајцарија, Европската унија и, исто така, Македонија.

Денес The Coca-Cola Company ја користи стевијата како засладувач во повеќе од 45 производи во повеќе од 15 земји во светот во комбинација со други засладувачи, како овошен сок, шеќер и други нискокалорични или засладувачи без калории.

На македонскиот пазар нудиме пијалаци со намален број калории, како што се Nestea Lemon и Nestea Peach, кои се засладени со стевија и шеќер.

Дали стевијата е безбедна?

Научната поткрепеност на безбедноста на стевијата е прегледана и потврдена од страна на Заедничката експертска комисија за прехранбени адитиви на СЗО, Европската агенција за безбедност на храната, американската Агенција за храна и лекови, како и од страна на повеќе од 75 земји, вклучувајќи ги и САД, Канада, Европа и Јапонија.

Безбедноста на засладувачите добиени од стевија е утврдена врз основа на нивната долга традиција на користење во светот, 25-годишните научни истражувања во однос на состојките кои му ја даваат слаткоста на листот на стевијата, како и објавените студии за безбедноста на користење на стевијата во рамките на ригорозна и сеопфатна програма за научно истражување. Така, доколку имате потреба од нешто благо, но сте од оние кои се грижат за калориите, тогаш стевијата е одличен избор.

Дали стевијата влијае врз вкусот на пијалакот?

Воопшто не. Вкусот е висок приоритет за сите Coca-Cola пијалаци. Врз основа на долгото искуство и ригорозниот процес на развивање на производите, The Coca-Cola Company се потруди сите Coca-Cola производи кои содржат засладувач од стевија да имаат одличен вкус. Покрај тоа, The Coca-Cola Company и натаму разгледува дополнителни можности за користење на стевијата како засладувач во повеќе пијалаци, со цел на своите потрошувачи да им понуди разновидно портфолио на пијалаци со одличен вкус, за да можат да изберат производ кој е во согласност со нивниот животен стил.

Интересни факти за стевијата

  • Растението Stevia rebaudiana се користело повеќе од 1.500 години од страна на племето Гварани во Јужна Америка, кои ја нарекувале „слатка билка“.
  • Стотици години лисјата традиционално се користеле за засладување чај и како десерт во Бразил и во Парагвај.
  • И покрај тоа што не содржи калории, екстрактот од растението стевија е 200-350 пати посладок од истото количество кристален шеќер.

Полна чаша на Instagram