ОБНОВЕН ХОЛАНДСКИОТ ПАРК ВО ОХРИД

Паркот е збогатен со иновативни елементи за одмор и рекреација и со тоа добива нов лик на возбудливо катче за престој и уживање на туристите и жителите на најголемиот туристички центар во земјава.

Продолжувајќи ја традицијата на општествено одговорно работење, Пивара Скопје АД одлучи да учествува во реализацијата на уште еден проект кој има значење за пошироката заедница.
Овој пат, Пивара Скопје АД зеде активно учество во обновувањето на „Холандскиот парк“ во Охрид кој има особено значење за жителите, но и за посетителите на најголемиот туристички центар во Република Македонија.

Како резултат на поддршката од Пивара Скопје АД во реализацијата на овој проект, набавени и инсталирани се маси и гарнитури за седење за посетителите на рекреативниот парк. Тој е изграден од страна на Холандската Амбасада во Република Македонија во чест на А. Ден Долард, познат холандски писател кој престојувал и работел во Охрид во 30-тите години од минатиот век и кој со своето творештво придонел за популаризацијата на Охрид и Македонија во Холандија, што претставува дополнителен мотив за илјадници туристи од оваа земја да го посетат Охрид.

Први посетители на новиот обновен и збогатен со рекретивни елементи парк во Охрид беа членовите на првата група туристи од Холандија кои ја отворија годинашната туристичка сезона на Охридското крајбрежје. Туристите беа пречекани со нашето најдобро, СКОПСКО. Во нивна чест, како и во чест на обновувањето на Холандскиот парк во Охрид, беше организиран пригоден прием, на кој холандските туристи можеа да уживаат во совршениот микс од традиционална македонска храна и СКОПСКО, кое со најголема гордост и задоволство им го претставивме на гостите.

Полна чаша на Instagram