ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДДРШКА НА УМЕТНОСТА
Пивара Скопје АД е партнер на годинешниот, 9-ти по ред, Интернационалнен театарски фестивал “Актерот на Европа”, кој во периодот од 6-ти до 11-ти јули оваа година ќе се одржи во Преспа.
Фестивалот е во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, невладината организација “Езеро без граници” и Општина Ресен, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Под наслов „Езеро без граници“, годинешното издание на фестивалот на брегот на Преспанското езеро е уникатно место каде уметниците од Македонија, Грција и Албанија, но и од останатите земји во регионот и од Европската Унија, ќе имат можност да ги презентираат своите креации и достигнувања, пред сè на полето на театарската уметност.
Покрај поддршката за фестивалот, Пивара Скопје АД раководена од својата политика на општествено одговорно дејствување, обезбеди и соодветна поддршка за организацијата на креативните работилници за студенти од земјите од Југоисточна Европа, кои како гости на ЕСРА ќе престојуваат на Преспанското езеро и на тој начин, покрај работните обврски ќе имаат уникатна можност да ги запознаат убавините на овој дел од нашата земја.