ПИВАРА СКОПЈЕ АД ВЛОЖУВА ВО ЗДРАВЈЕТО И ЗАШТИТАТА ПРИ РАБОТА
Одбележан 28 Април – Меѓународниот ден на здравје и заштита при работа
Пивара Скопје АД е меѓу првите македонски компании која го има воведено и работи според меѓународниот стандард за здравје и заштита при работа – OHSAS 18001
Со специјализирани обуки, показни вежби и други активности во кои беа вклучени сите вработени, Пивара Скопје АД го одбележа 28-ми април – Меѓународниот ден за здравје и заштита при работа.
Една од областите каде Пивара Скопје АД е своевиден пионер и претставува пример за одлична практика е токму делот на управувањето со безбедноста и здравјето при работа.
„Сите ние во Пивара Скопје континуирано создаваме култура на безбедна и здрава работна средина која треба во секој момент да ни овозможи највисок степен на сигурност. Таа ни е неопходна за да можеме сто процентно да му се посветиме на одржувањето на највисокиот квалитет во она што го работиме“, вели Билјана Смиљковска, менаџер за производство за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје АД, потенцирајќи дека „без да се обезбеди и гарантира здрава и безбедна средина за работа на сите вработени, ниедна компанија не може да се надева дека нејзината просперитетна иднина е загарантирана. Затоа ние во Пивара Скопје исклучително сериозно и плански приоѓаме на обезбедувањето ефективен и функционален систем за управување со безбедноста и здравјето при работа“.
Пивара Скопје АД е меѓу првите компании во Македонија која го воведе и целосно го почитува, односно е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа OHSAS 18001, кој инаку не е задолжителен со нашето законодавство.