







ПИВАРА СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ТРИНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ОКТОБЕРФЕСТ
Со изреката “О’zapft is“ – „Tапата е отворена“ вчера започна тринаесеттото издание на Октоберфест”, кој е во организација на Македонско-Германското стопанско здружение. На ваков традиционален начин се отвора и Октоберфест во Минхен. Чепот на првото буре со пиво беше пробиен со дрвен чекан.
Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, Патрик Мартенс, Заменик амбасадорот на Германската амбасада во Македонија, Ото Граф, Генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин и Генералниот директор на Прилепска пиварница, Сашо Самарџиоски традиционално го отворија најпопуларниот фестивал на пиво.
“Сигурен сум дека луѓето овде го сакаат пивото, исто колку што го сакаме и почитуваме во Пивара Скопје. Добро знаеме дека пивото ги зближува луѓето, дека е дел од секоја прослава и дека создава и зајакнува пријателства, совршено се вклопува во одлична храна и ни помага да се опуштиме и да уживаме во секој момент од животот. Во Пивара Скопје сме многу горди на нашето широко портфолио напивски брендови, на нашата долгогодишна традиција, одлично знаење, искуство и современа технологија за производство на пиво. Наша постојана мисија е да им овозможиме на сите љубители на пивото да ја почувствуваат магијата на овој прекрасен пијалок што ги поврзува луѓето. И, секако, многу сме посветени на нашите напори за промовирање на пивската култура. Овој единствен настан, организиран од македонско – германското стопанско здружение, е совршена можност за ова, со славење на највеличествениот пијалок во светот – пивото. Уживајте во вашето време, но не заборавајте да консумирате одговорно!– изјави Дан Тимотин на отворањето на настанот.
Пивара Скопје за трет пат беше домаќин на оваа престижна манифестација на која присуствуваа гости од бизнис секторот, амбасадори, претставници од медиумите и културата.
Прославата на Октоберфест во Скопје прерасна во традиција како значаен настан за градот Скопје, важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу двете земји Македонија и Германија. Октоберфест се слави веќе 200 години во Минхен и на овој настан доаѓаат 6 милиони посетители. Годинава се одржува од 21 септември до 6 октомври.