ПОДДРШКА НА ПИВАРА СКОПЈЕ АД ЗА МЛАДИНСКОТО БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

Пивара Скопје АД е меѓу главните спонзори на годинешното Младинско балканско првенство во одбојка на песок за мажи и жени, кое претстојниов викенд, од 12-ти до 14-ти август, се одржува во Штип.

„Пивара Скопје АД е горда што има можност да поддржи едно вакво несекојдневно меѓународно спортско натпреварување кое се одржува во нашата земја. Верувам дека со наша помош младите спортисти, но, секако и многубројната публика од целата држава ќе уживаат во атрактивниот викенд во Штип“, изјави Дејан Митковски, менаџер за продажба на Пивара Скопје АД за источниот дел на Македонија.

Пивара Скопје АД е еден од пионерите на поддршката на спортот во Македонија и преку овие свои активности ја изразува својата традиционална поврзаност со заедницата и со здравиот развој на младите и на општеството воопшто.

„Преку поддршката што ја добиваме, стана возможно Штип да биде домаќин на едно балканско натпреварување, кое верувам, ќе го привлече вниманието на бројни љубители на спортот да го посетат нашиот град и да уживаат во возбудувањата на песокот во центарот на градот. Општествената одговорност која ја покажуваат компаниите како Пивара Скопје АД не мотивира и во иднина да организираме вакви атрактивни настани“, рече Зоран Алексов, градоначалник на Штип.

За потребите на Младинскиот балкански шампионат во бич-волеј, во центарот на Штип е поставено специјално игралиште со песок, на кое во текот на викендот ќе се одиграат натпреварите во машка и во женска конкуренција. Првенството е организирано од Одбојкарската федерација на Македонија, под капата на Балканската одбојкарска асоцијација (BVA).

Полна чаша на Instagram