Услови за користење
Општо
Пивара Скопје АД го контролира процесирањето на сите лични податоци кои се собираат на оваа веб-страница. Пивара Скопје АД ја почитува вашата приватност.
Пивара Скопје АД не ги собира и обработува личните податоци преку „колачињата“ за функционалност поставени од страна на Пивара Скопје АД. Пивара Скопје АД ги обработува единствено личните податоци кои корисникот своеволно ги остава на веб-страницата. Овие податоци можат да вклучат име, презиме, е-маил адреса, датум на раѓање и телефон.
Главната цел за собирање на овие податоци е за да му се обезбеди бараната услуга/информација на корисникот.
Трансфер, чување и обработка на податоци
Трансферот, чувањето и обработката на податоци преку оваа веб-страница се обезбедени со вообичаени технички мерки. Пивара Скопје АД го задржува правото да ги пренесе вашите лични податоци на трети страни, кои ќе ги обработат според упатствата на Пивара Скопје АД и за тоа Пивара Скопје АД ја презема целата одговорност.
Пивара Скопје АД нема да ги пренесе вашите лични податоци на ниту една друга трета страна, освен ако нема правна обврска да го направи тоа.
Пристап, корекција и отстранување
Во било кое време, можете да побарате пристап до сите лични податоци кои Пивара Скопје АД ги има за вас. Исто така, можете да побарате нивна корекција или бришење. Ве молиме да ни испратите е-маил на pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk во случај да имате прашања поврзани со вашите лични податоци.
Користење
Освен ако не се изнесени на поинаков начин, сите интелектуални права на оваа страница заедно со информациите припаѓаат на Пивара Скопје АД. Овие права се вклучени но не и ограничени за сите авторски права, авторски права за името на брендот, авторски права за трговската марка како и логото.
На корисницте им е дозвоолено да ја читаат оваа страна заедно со информациите, како и да прават копии за сопствени потреби, на пример печатење и чување на податоци. Секое користење на овие информации на поинаков начин, на пр. репродукција на страната на Пивара Скопје АД не е дозволено.
Корисникот не може да ја дистрибуира, модифицира, пренесува, повторно користи, повторно објавува или да ја користи содржината на страницата за јавни или комерцијални цели, вклучително и текстот, сликите, аудио и видео записите, без писмена дозвола од Пивара Скопје АД.
Пивара Скопје АД не е одговорна за ниту една штета настаната како резултат на користење (или пак немање можност за користење) на оваа веб-страница, вклучувајќи штети предизвикани од вируси, други неправилности или половични информации, освен ако штетата е резултат на недолично однесување со умисла или пак голема небрежност на Пивара Скопје АД. Пивара Скопје АД нема да одговара на штети предизвикани од недостаток на соодветност, навременост или пак точност на странатa или информацијата.
Политиката за колачиња и Условите користење можат да бидат изменети во било кое време без претходна најава. Ваквите промени ќе стапат на сила штом бидат објавени на оваа веб-страница. Им препорачуваме на корисниците на веб-страницата редовно да ги прегледуваат Политиката за колачиња и Условите користење за да бидат запознаени со најновите промени.
25.12.2015 година