РФМ И СКОПСКО ОРГАНИЗИРАА „СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИТЕ“ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНАТА ЕНЕРГИЈА

Во пресрет на Европското првенство во ракомет
На свечената церемонија во СРЦ Кале на иницијатива на РФМ и СКОПСКО се одржа „Средба на генерациите“ на која им е оддадена почит на сите што во изминатите децении дадоа свој придонес во развојот на македонскиот ракомет, а официјално беше промовиран и СКОПСКО навивачкиот дрес.

СКОПСКО и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потпишаа договор за обезбедување средства за потребите на македонската ракометна репрезентација во пресрет на Европското првенство што ќе се одржи на почетокот од наредната година во Република Србија. Договорот е продолжување на поддршката што Пивара Скопје АД му ја дава на македонскиот ракомет веќе 30-тина години, како докажан пријател на македонскиот спорт.

Во знак на долгогодишното партнерство на Пивара Скопје АД и македонскиот ракомет, на свечената церемонија, на иницијатива на СКОПСКО беше организирана и „Средба на генерациите“ на која беа поканети и им беше оддадена почит на поранешни ракометари и спортски работници заслужни за развојот на ракометниот спорт во Македонија.

„Традицијата за нас во Пивара Скопје АД е од огромно значење, затоа што ја покажува нашата искрена приврзаност кон вистинските вредности, а спортот и ракометот секако се дел од нив. Сигурни сме дека, продолжувањето на повеќедецениското партнерство со македонскиот ракомет ќе придонесе кон уште една успешна приказна во македонскиот спорт“, изјави на свеченоста комерцијалниот директор на Пивара Скопје АД, Дидрик Калф

Искажувајќи го задоволството од продолжувањето на договорот за соработка со СКОПСКО, претседателот на РФМ, Михајло Михајловски потенцираше: „Вистинските пријателства се препознаваат тогаш кога тоа е најпотребно. СКОПСКО и Пивара Скопје АД тоа го покажале повеќепати досега и со тоа станаа нераскинлив дел од развојот и успесите на македонскиот ракомет. Со продолжувањето на соработката со СКОПСКО се поставени уште поцврсти темели за понатамошни врвни достигнувања на македонскиот ракомет и тоа уште на претстојното Европско првенство во Србија.“

На свеченоста беше промовиран и специјално креираниот СКОПСКО навивачки дрес, кој ќе им биде достапен на навивачите и поддржувачите на македонската ракометна селекција пред почетокот на Европското првенство преку продажни акции на СКОПСКО. Навивачкиот дрес е дел од комуникациската платформа „Вкусот на нашата гордост“, на која како „Верен пријател на македонскиот ракометен тим“ се потпишува СКОПСКО.

Полна чаша на Instagram