СКОПСКО ДЕЛ ОД УНИКАТНАТА ТРАДИЦИЈА

Пивара Скопје АД и СКОПСКО и оваа година се неодвоив дел од оригиналните и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали на Галичката свадба – единствена културно-сценска манифестација од ваков вид на овие простори.

Покрај финансиската поддршка за организацијата, Пивара Скопје АД обезбеди и пијалаци од своето портфолио за учесниците во оваа, по сите свои белези, уникатна манифестација, која традиционално, се одржува во селото Галичник, од Петровден 12-ти, до 17-ти јули.

Дополнително, годинава Пивара Скопје АД на невестата Верица Митричка и зетот Љупчо Раваноски им подари специјално точено СКОПСКО во уникатно пакување со етикети на кои се испишани нивните имиња и датумот кога стапиле во брак во Галичник.

– Одлучивме да им подариме на младоженците специјално точено СКОПСКО, како уште еден уникатен детал по кој тие долго ќе го паметат овој ден, воедно посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет, изјави Маја Муратовска Чанговска, претставник од Пивара Скопје АД, потенцирајќи дека за компанијата претставува огромна чест и задоволство што е дел од традиција и обичаите што ја красат оваа манифестација.

– Традицијата е длабоко вградена во нашата долгогодишна компаниска историја. Таа е дел од нас, како што ние сме дел од неа. Се вели дека нема свадба или друга прослава без СКОПСКО. Ако е така, тогаш сосема природно е што сме и остануваме да бидеме дел од најпознатата свадба во Македонија и пошироко, потенцираше Муратовска Чанговска.

Оваа година „Галичка свадба“, по 48-ми пат, откако се организира како единствена културна манифестација од ваков вид во земјава, со сигурност ќе привлече илијадници посетители од земјава и од странство, кои уште еднаш ќе бидат сведоци на оригиналните свадбени обреди проследени со традиционални народни носии, песни и ора, кои секоја година одново пленат со својата убавина и духовна вредност за човештвото.

Полна чаша на Instagram