СКОПСКО ОФИЦИЈАЛЕН ПИЈАЛАК НА СКОПЈЕ JAZZ ФЕСТИВАЛ

Вкусот на сиот тој џез

СКОПСКО е пиво за сите оние кои се горди на своите корени. За оние кои ја познаваат и почитуваат традицијата на својата земја но во исто време се  отворени и кон светот. Во согласност со своите вредности, СКОПСКО има долга и конзистентна традиција во промовирањето на најдоброто во музиката, спортот и културата. Како дел од конзистентната поддршка на музиката во Република Македонија, и оваа година СКОПСКО е официјален пијалак на јубилејниот 30-ти Скопски џез фестивал.

“Веќе 30 години Скопскиот џез фестивал претставува своевиден урбан културен репер за животот во Македонија и нејзината метропола. Од своја страна пак, СКОПСКО, нашето најдобро, има долга и конзистентна традиција на поддршка и промовирање на вистинските вредности во сите области од животот во Македонија, меѓу кои и во музиката и културата. Оттаму, сосема природно е што Вкусот на Македонија во себе го носи и Вкусот на сиот тој џез“, изјави Маја Муратовска-Чанговска, преставник на Пивара Скопје АД.

За годинешното jубилејно издание на Скопскиот џез фестивал, Пивара Скопје АД промовираше специјална лимитирана серија на СКОПСКО од 0,33л. со уникатна етикета која го симболизира спојот на СКОПСКО со моќната музика.

“Џез музиката и СКОПСКО ги спојуваат многу нешта кои се поврзани со уметноста на живеењето. Затоа СКОПСКО секогаш е посакуван и нераскинлив дел од Скопскиот џез фестивал. Среќен сум што и овојпат заедно ќе создадеме уште едeн незаборавен празник за македонските вљубеници во џез музиката” изјави Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез фестивал, потенцирајќи дека присуството на СКОПСКО на овој настан ќе им овозможи на светските џез музичари да го откријат Вкусот на Македонија во неговиот изворен облик.

Главната програма на годинешниот 30-ти Скопски џез фестивал ќе ја сочинуваат 9 концерти на светската џез елита, распоредени во пет фестивалски вечери во Универзалната сала, МОБ и Кино Милениум, почнувајќи од денес 20-ти октомври.

Полна чаша на Instagram