
ТОП 5 НАЈРЕЦИКЛИБИЛНИ ПЛАСТИКИ

Последната анкета на Пакомак за испитување на јавното мислење за свеста, навиките и однесувањето во селектирањето на отпадот од амбалажа покажа дека во 2019 година мнозинството граѓани селектираат генерално пластиката (82%) но, и стакло (42%), кои ги сметаат за посебен вид на отпад за селектирање. Понатаму следи хартијата со (34%). За правилно рециклирање на пластиката добро е да се препознава видот на пластика и неговите можности за рециклирање.
Свесни сме колку е важно рециклирањето да стане составен дел од нашето секојдневие. Постојано следиме информации за придобивките од рециклирањето. Секој совесен граѓанин се става во ситуација да посака да усвои одржливи навики и да придонесе во грижата за животната средина. Секое знаење е корисно во стремежот да бидеме подобри жители на планетата. Бездруго, препознавањето и селектирањето на различните видови пастика е важно за да се олесни нивната понатамошна обработка и ре-употреба.
Не се сите пластики исти и не е ист импактот што го имаат врз животната средина. Еве ги петте видови пластика од кои со рециклирање може да се направат други предмети и да се продолжи употребата на материјалот.
- Полиетилен терефталат или ПЕТ е најрециклибилната пластика
Ова е пластиката од која се прават шишињата за пијалаци и амбалажата за пакување на прехранбени производи. Се смета за најлесна и најрециклибилна затоа што може да се стопи и ремоделира колку пати сакаме.
- Полиетилен со висока густина или ПЕАД
Оваа пластика најчесто се користи за израбoтка на амбалажа за детергенти и средства за чистење бидејќи е отпорна, непропустлива и лесна. Се употребува исто така и за изработка на делови за телефони. Може да се рециклира за повторно од неа да се изработат шишиња и амбалажа за детергенти и средства за чистење или пластични делови за урбана опрема.
- Поливинил хлорид или ПВЦ
ПВЦ пластиката вообичаено се поврзува со прозорци и врати, цевки за инсталации, бидејќи е ригиден материјал многу отпорен на влијанијата од надворешната средина, но се употребува и за изработка на црева и играчки. Се рециклира на индустриско ниво, а потоа се користи за изработка на многу предмети од ѓонови за обувки до предмети во домаќинството.
- Полиетилен со ниска густина ПЕБД
Се работи за лесна, непропустлива, флексибилна и многу економична пластика поради што се користи во пакувањето на прехранбени и козметички производи како и кеси за пазарење. Но од друга страна, рециклирањето на овој полиетилен не е така едноставно, а по рециклирањето може да се направат ќеси за отпадоци, прскалки или садови за наводнување.
- Полипропилен или ПП
Непропустлив и лесен, а со голема отпорност на топлина и студ овој пластичен материјал се користи многу често за херметичко пакување на намирници кои може да се стават и во микробранова печка и во замрзнувач. Се употребува во медицината за изработка на шприцеви, приклучоци, како и влакна за навлаки или теписони. По рециклирањето од него може да се направат контејнери или столици.
Според истражувањето на Пакомак постои напредок во подигнување на свесноста за селектирање на отпадот или во бројки кажано оваа година во однос на 2017 нешто повеќе од една третина (37%) од граѓаните во најголемите градови во државата имаат развиено навика секогаш или често да селектирааат отпад. Ова значи дека 4 од десет граѓани од најголемите градови во државата секогаш или често селектираат отпад.
Секако ваквиот напредокот е добредојден но не доволен. Рециклирањето треба да биде навика на секој современ човек кој се грижи за животната средина и природата но и за заштедата на ресурси. Селектирајте отпад и одложете го во специјалните контејнери чии локации може да ги погледнете на сладнава мапа.