УСПЕШЕН СТАРТ НА ПРАЗНИКОТ НА ПИВОТО И ДОБРАТА ЗАБАВА
Отворен ПИВОЛЕНД 2011
СКОПСКО и оваа година е генерален спонзор на фестивалот на пивото Пиволенд 2011, кој синоќа беше свечено отворен, а ќе трае до 4-ти септември, на новата локација – платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Наздравувајќи со кригла ладно СКОПСКО во рака, Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски синоќа свечено го отвори годинешниот, четврти по ред, фестивал на пивото Пиволенд 2011. Претходно градоначалникот Трајановски со својата придружба уживаше во прекрасната атмосфера на еден од штандовите на СКОПСКО, на кој беше пречекан од генералниот директор на Пивара Скопје АД Константинос Спанудис и останатите членови на менаџментот на компанијата и многубројните пријатели и љубители на СКОПСКО.
Ако се суди според првата фестивалска вечер, Пиволенд и оваа година се чини дека е на вистински пат да го оправда епитетот – вистински празник за љубителите на пивото и урбаната забава.
На Фестивалот на пивото во Скопје синоќа премиерно се прикажа и новиот СКОПСКО ТВ спот, кој уште еднаш, на уникатен начин ја раскажува приказната на Вкусот на Македонија – СКОПСКО, Нашето најдобро!
Пивара Скопје АД во контекст на својата корпоративна определба за континуирано промовирање на одговорната консумација специјално за оваа прилика отпечати и дистрибуира специјални летоци со кои се апелира до посетителите на Пиволенд одговорно да консумираат пиво и да не управуваат со моторни возила доколку пијат.
За Пивара Скопје АД од особена важност е и зачувување на хигиената на годинешниот Пиволенд, па така компанијата организираше на сите свои продажни места да се распоредат и дополнителен број корпи за отпадоци.