ЈУБИЛЕЈНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПИВАРА СКОПЈЕ ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО
14 декември 2016
На свечената церемонија која СОС Детското Село ја одржа по повод јубилејот, 15 години од своето постоење, на Пивара Скопје и беше доделена јубилејна плакета во знак на благодарност за континуираната и долгогодишна поддршка која компанијата и ја дава на оваа организација.
СОС Детско Село Македонија е меѓународна невладина организација која згрижува околу 100 деца и младинци. Нејзината основна мисија е социјална заштита на сите деца во ризик, особено на оние кои немаат родители и родителска грижа и оние чии семејства живеат во тешки услови.
Во 15-те години постоење на организацијата, Пивара Скопје, преку спонзорства и донации, несебично ги поддржува активностите кои таа ги спроведува за промовирање и почитување на правата на децата.