
22ри МАРТ, СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА
Денес е 22 март, Светскиот ден на водата и секоја година го одбележуваме во духот на свесноста за значењето на водата. Грижата за водните ресурси и нивното континуирано обезбедување во светот, осигуруваат сегашен и иден просперитет на луѓето, културите, бизнис заедницата и природата.
Оваа година, во Пивара Скопје преку вклучување на нашите партнери, фокусот ни е насочен кон делување не само во кругот на компанијата, туку и во рамките на целата заедница. На таков начин заедно придонесуваме во справувањето со комплексните предизвици кои се поврзуваат со достапноста до питка вода за сите луѓе и одржливост на водните ресурси од кои сите ние целосно зависиме.
Денеска, како дел од активностите за одбележување на овој ден овозможивме фонтаната што е пред нашата компанија, да биде повторно во употреба и достапна за сите. Исто така, во соработка со Црвениот крст и општина Гази баба донираме вода за најранливите групи на луѓе кои живеат и се наоѓаат во руралните средини на земјата, каде има ограничен пристап до питка вода.
Остануваме посветени кон нашата хуманитарна заложба во обезбедување на еден од најосновните ресурси за живот на оние на кои најмногу им е потребно: вода за пиење, санитација и хигиена.
#WorldWaterDay #PivaraSkopje #Community #ВодаЗаСите