ЛИЧНИОТ И ПРОФЕСИОНАЛНИОТ УСПЕХ ОДАТ „РАКА ПОД РАКА“
Радица Ристевска учествуваше на 32-рата бесплатна обука „Вештини за успех“ минатиот месец во Скопје. Нејзиното искуство и стекнатото знаење го споделува со сите кои размислуваат за себенадоградување.
„Одамна сум запознаена со обуките кои се одржуваат во Едукативниот центар на Пивара Скопје, но ова ми беше прва шанса да присуствувам на една од нив, па оттаму знаев дека не смеам да пропуштам“ – вели Радица. „Се пријавив бидејќи сум личност која континуирано работи на себе и сметам дека личниот и професионалниот успех одат „рака под рака“.“
Што е најважното што го научи?
Научив колку е битно да се претставите себеси во најдобро можно светло. Штом се најдеш на пазарот на труд, за отворените работни позиции секогаш има многу кандидати и затоа е важно да знаеш како да се издвоиш од толпата и како, помеѓу голема конкуренција, да го привлечеш вниманието со сопствените квалитети и предиспозиции.
Колку сметаш дека стекнатите контакти и вештини ќе ти бидат корисни во секојдневните работни обврски?
Бидејќи природата на мојата професија бара голем број на контакти, односно голема мрежа на познанства, сметам дека оваа обука ми помогна да го освестам својот пристап кон луѓето и како да бидам подостапна за нив, а и тие за мене. Сигурна сум дека стекнатите вештини ќе ми помогнат да ги надминам сопствените бариери и ќе ми овозможат просперитет. Во иднина дефинитивно ќе бидам повеќе посветена на ваквите обуки, односно неформалното образование. Би сакала да ги проширам своите знаења во областа на финансиите, креативноста во процесите на работењето и менаџментот бидејќи сметам дека преку нив ќе дојдам до остварување на моите професионални цели.
Учењето не сопира со завршувањето на формалното образование туку продолжува континуирано онака како што навлегуваме во избраната професија – вели Радица – затоа им препорачувам на сите да инвестираат во себе и својата надоградба и да учествуваат на обуката „Вештини за успех“.
Пријавувањето за 33-тата бесплатна обука „Вештини за успех“ веќе е во тек. Сесиите ќе се одржат на 28,29,30 и 31 мај во Едукативниот центар на Пивара Скопје. За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680 во Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје.