

НАШАТА ДОНАЦИЈА СТИГНА ДО ГРАДОТ КУМАНОВО КОЈ Е МЕЃУ НАЈПОГОДЕНИТЕ ОД COVID-19


Ранливите целни групи се најдиректно изложени на последиците кои ги предизвика COVID-19. Куманово во моментов е меѓу најпогодените општини во нашата земја, по број на заразени од корона вирусот, но и една од општините во која најмногу се продаваат нашите производи. Со цел да им помогнеме полесно да се справат со новите околности, во соработка со градоначалникот Максим Димитриевски и неколку компании, одлучивме да донираме од нашите пијалаци за семејствата на кои им е најпотребна помош.
Градоначалникот до целата јавност испрати порака за благодарност за донацијата до сите компании, меѓу кои и Пивара Скопје, кои како општествено одговорни компании заедницата секогаш ја ставаат на прво место, особено во моменти кога помошта е најнеопходна.
Голема благодарност до нашите колеги од Комерција, кои помогнаа пакетите веднаш да бидат доставени до општина Куманово.