НЕКОГАШ И САМО ЕДЕН ФРИЖИДЕР МОЖЕ ДА НАПРАВИ РАЗЛИКА

Нашата поддршка кон заедницата сега е потребна повеќе од било кога. Секоја пружена рака помош е од големо значење, особено за најранливите категории.

Недела, во доцните вечерни часови заѕвони телефонот, од другата страна на телефонската линија беше нашиот пријател Илија, претседател и основач на невладиното Здружение за поддршка на децата без родители „Градиме иднина“.

„Имам голема молба до вас“ – ни рече со треперлив глас…“Добивам многу помош во прехранбени производи со што можам деновиве да помогнам на многу семејства, меѓутоа за да им го задржам квалитетот ми треба еден фрижидер, не е проблем и најстариот што го имате само да работи. Ова ќе ми овозможи флексибилност и доволно време во подготовка на пакетите, а воедно производите ќе го задржат квалитетот и свежината.”

Веќе следниот ден, во раните утрински часови, обезбедивме фрижидер за чување на прехранбените производи, а исто така доставивме и наши пијалаци за реализација на донаторската акција за обезбедување помош, прехранбени производи, пијалаци и средства за хигиена за социјално загрозените категории ширум целата земја.

Големо благодарам, за покажаната агилност и брзата реакција, до нашите колеги од CDE & DBI и Логистика, кои ни овозможија фрижидерот и пијалаците да ги доставиме за само неколку часови.

 

Ви благодарам  многу за вашата донација, можеби за Вас еден фрижидер не е многу, но нам ни значи, ни помогна да ги одржиме прехранбените производи свежи до нивната достава.“ – ни се јави Илија, чија лична приказна како дете без родители му е и мотив повеќе секојдневно да помага. Неговото мото е:

 

„Нема ништо поубаво од некој што излегува во пресрет да го направи животот подобар за оние на кои им е најпотребно“.

 

#CommunitySupport #VulnerableTargetGroups

Полна чаша на Instagram