EДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА 55та ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“ КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ON-LINE
Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, првата дигитална бесплатна обука „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.
Животни вештини (јас и другите)
- Модул 1 – Разбирање и развој на себе
- Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
- Модул 3 – Фидбек
- Модул 4 – Себе претставување
Бизнис вештини (јас и работата)
- Модул 1 – Управување со проекти
- Модул 2 – Управување со време
- Модул 3 – Деловно планирање
- Модул 4 – Преговарање
- Модул 5 – Финансиска писменост
- Модул 6 – Продажни вештини
Која е целта на оваа обука?
Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.
Колку време трае обуката?
Обуката е со времетраење од 3 дена и ќе се одвива на 20.5, 21.5 и 22.5.2020, од 17.00 до 19.00 часот, on-line преку линк од платформата ZOOM кој ќе ви биде испратен на вашата е-маил адреса по вашата регистрација за учество на обуката.
Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.
Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје. Или пак пријавете се преку линкот.
До кога треба да се пријавам?
Рокот за пријавување е до 19.5.2020.
Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!