НАЗДРАВУВАМЕ ЗА ЖЕНИТЕ ВО SUPPLY CHAIN!

Март е месец во кој го одбележуваме Меѓународниот ден на жената и ги прославуваме нивните општествени, економски, културни и политички достигнувања. Ги славиме и прифаќаме нашите различности и се потсетуваме дека ниту една професија нема родова припадност, а исклучителната перформанса и иновација не познаваат пол, возраст, религија или раса.

Денеска со вас споделуваме една интересна приказна за историјата на пивото и улогата на жените во пиварството.

Веќе е добро утврден фактот дека жените биле првите Пиварки. Уште пред 6.000 години жените во Месопотамија произведувале пиво. Сумериските свештенички правеле пиво и ја обожувале божицата Нанкаси – божица на пивото. Пиварството исто така било и професија, па така, Сумериската кралица Кубаба прескокнала неколку нивоа на работни позиции – од Пиварец до Кралица, благодарение на нејзините одлични пива.

Старите Египќани ги усовршиле Сумериските методи за производство на пиво, а и тие исто така имале божица на пивото – Менгет. Во нивната митологија, пивото всушност го спасило целото човештво. Богот на сонцето Ра ја прашал својата ќерка Секмет да ги уништи сите луѓе на Земјата. Кога таа вкусила пиво, станала нежна и љубезна пријателка на човештвото. Па така, пивото навистина ни помага да ги надминеме нашите различности.

Илјадници години подоцна, жена била одговорна за најважните иновации во пивото. Бенедиктин Хилдегард од Бинген била пиварка и треварка која во 12-тиот век прва го опишала процесот на употреба на хмељ во пивото. Хмељот овозможил помасовно производство на пиво. Пивото имало подолг рок на траење, можело да се произведува во поголема количина и да се транспортира на поголеми далечини, па дури и во други земји.

Женското лидерство во еволуцијата на пивото не е единствената причина да ја славиме родовата различност. Дали знаете дека во производството на пиво се користат само женските цветови на хмељот? Хмељот е од суштинско значење во процесот на производство на пиво, а женските цветови се тие кои ги даваат познатите хмељни шишарки.

Ова е причина повеќе да ја подигнеме чашата и да наздравиме за нашите драги колешки од Supply Chain ида им кажеме БЛАГОДАРАМ и НА ЗДРАВЈЕ!

Полна чаша на Instagram