ОПЕРАТОР ВО ТОЧИЛНИЦА

Ти ќе бидеш одговорен е за квалитетно и ефикасно извршување на работните задачи во одделот точилница, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & HEINEKEN.

Што е тоа што го бараме?

  • Високо образование (Машински факултет, Електро технички Факултет, Технолошко – Металуршки Факултет);
  • Практично или дополнително работно искуство во производствени погони, особено точилница ќе се смета за предност;
  • Мотивација за работа во динамично окружување во мултинационална средина;
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa;
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.


Краток опис на основните одговорности:

  • Учествува во пакувањето на производот во шишиња, лименки, буриња и препакување на производ, согласно планот за производство;
  • Практично креирање и спроведување на 5с програмата;
  • Го следи, надгледува и контролира процесот на пакување, согласно со пропишаните таргети, правила и процедури на одделот и компанијата;
  • Ги користи алатките на процесот за континуирано унапредување во секојдневната работа. Врши инспекција и подмачкување на машината според CILT стандардот, како и превентивни мерки за одржување на машината;
  • Врши редовно следење на ефикасност на линија, загуба на пакувачки материјали, просечно време помеѓу допири на машината;
  • Активно учествување во активностите од процесот за континуираното унапредување и тимовите.
  • Го започнува и завршува процесот со вклучување, односно исклучување на сите машини во одделот на пакувањето и точилница;
  • Активно учество во тимските активности согласно програмата за континуирано унапредување (TPM).


К
ако да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 13.05.2021 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 работни часа неделно во три смени.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

Полна чаша на Instagram