
КАКО ДА СПАКУВАТЕ ВСЕЛЕНСКИ БРОД ВО ФРИЖИДЕР?
Интерактивната изложба „Coca-Cola Reshape“ инспирирана од мисијата „Аполо 11“, која првпат слета на Месечината пред 52 години, привлече големо внимание од посетителите на Научниот фестивал во Белград.
Секој што го посети штандот на „Coca-Cola Reshape“ на Белградскиот саем, имаше можност да доживее единствена и незаборавна авантура, да истражува планети и галаксии од репликата на командниот модул на вселенското летало „Аполо 11“. Централното парче на штандот беше импресивна носечка ракета висока 8 метри позната како 39А. Изложбата наречена „Секогаш рециклирај“ на оваа вселенска приказна и даде едукативен карактер кога станува збор за подигање на свеста за зачувување на нашата планета. Имено, по освежување со својот омилен пијалок, посетителите можеа веднаш да ја рециклираат својата конзерва Кока-Кола на самото место – во капсулата на Аполо 11, или на станицата за лансирање, и со тоа да придонесат за зачувување на животната средина и подигнување на свеста за рециклирање.
Посетителите на фестивалот беа особено заинтригирани од фактот дека алуминиумот од кој се произведуваат лименките Кока-Кола може да се рециклира безброј пати. Секоја конзерва Кока-Кола е веќе изработена од 15-25% рециклиран алуминиум, исто како и вселенските бродови, како што е Аполо 11. Посебна атракција на изложбата „Coca-Cola Reshape“ беа уникатните лименки Кока-Кола, направени од делумно рециклиран алуминиум што доаѓаат директно од вселената и беа посветени на Српските инженери Милојко Вучелиќ, Давид Вујиќ, Славоjуб Вујиќ, Милислав Шурбатовиќ, Данило Бојиќ, Петар Гајиќ и Павле Дујиќ. Познати како „српски Аполо 7“, тие дале неизмерен придонес за успехот на мисијата „Аполо 11“.
Целта на поставувањето на оваа изложба е едукација на луѓето за употребата на алуминиум и важноста на рециклирање на отпадот за нашата околина. Крајната цел на Кока-Кола компанијата е, до 2030 година, да помогнеме во собирање и рециклирање на сите количини шишиња и лименки што ги продаваме на пазарот.