
КАКО РЕЦИКЛИРАЊЕТО ДА БИДЕ ЗАБАВНО ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО
Рециклирањето е активност со која можете да имате возбудливо лето со целото семејство. Рециклирањето со семејството ги учи децата за важноста на грижата за нашата планета. Со учење на децата да преземат активна улога во намалувањето на отпадот од домаќинството, придонесувате за позелена иднина. Тоа е затоа што децата кои рециклираат се претвораат во возрасни кои рециклираат.
Ако барате начини да го вклучите вашето семејство, составивме неколку стратегии за намалување на отпадот што ќе ви помогнат да рециклирате, да го намалите отпадот или истиот повторно да го искористите.
Забава за подобра иднина
Забавата со семејството може да биде едноставна, како украсување на кантите за отпад со вашите деца, до создавање игри за рециклирање што ќе ги научи кои материјали каде треба да се фрлат. Без оглед на вашиот избор, за ефикасно рециклирање важно е да ја знаете вашата околина, односно да се информирате за јавните претпријатија за рециклирање во вашиот град.
Намалување на отпад
Наместо да фрлате некој предмет во ѓубре, обидете се да размислите за креативни начини истиот повторно да се искористи. Претворањето на „обичното“ ѓубре во богатство е клучна цел на политиката за повторно користење на отпад. Исто така, тоа претставува одлична можност да започнете некој „направи-сам“ проект со целото семејство.
Во последно време, доста распространет е електронскиот накит или таканаречената „компјутерска мода“. Луѓето ги претвораат компјутерските чипови и копчињата на тастатурата во обетки и приврзоци за ѓердан. Предмети како стари вреќи за перници може да се пренаменат во еко-торби. Кога станува збор за повторно користење на отпад, единствената граница на она што можете да го направите е вашата имагинација.
Повторното користење на старата облека на постарите браќа или сестри од помладите е уште еден одличен начин за старите материјали да започнат нов живот. Ако вашето дете не е среќно поради тоа, размислете да го наградите за неговата клучна улога во намалувањето на отпадот.
Започнете и со компостирање. Тоа е одличен начин да го намалите органскиот отпад. Покрај тоа, тоа е можност да се занимавате со градинарство, нешто што може да го ужива целото семејство. Не постои дилема дека храната која сами си ја одгледувате секогаш е највкусна.
Денес, многумина од нас не се во допир со природата. Или сме премногу зафатени или живееме во области каде што зелениот простор е ограничен како скоро и да го нема. Наоѓање начини да уживате на отворено е важно. Со учењето на детето како да се биде благодарен на нашата планета му покажувате што е тоа што се обидуваме да го заштитиме.
Запомнете: рециклирањето е голема и важна работа. За жал, премногу од нас забораваат да се сетат на тоа. Со рециклирање, вие се обврзувате да го намалите отпадот и да направите подобро за нашата планета. За децата, ова може да биде инспиративно – идејата дека преку мали, постојани акти на внимателност за отпадот, тие можат да направат голема разлика.