МЕХАНИЧАР – БРАВАР

Детали за работната позиција:

Гарантира и организира ефикасно управување со активностите во смена, анализира и решава проблеми со дефекти, организира и спроведува квалитетно извршување на поправки и одржување на машини во компанијата. Одлучува и презема иницијатива за поправка на машината и средствата, одговорни за нивната правилна функција по интервенција или по идентификување на проблемот.


Што е тоа што го бараме?

  • Средна стручна подготовка, Машински техничар, Високо образование во Машинство ќе се смета за предност;
  • Практично или работно искуство во Производна средина;
  • Мотивација за за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa;
  • Способност за разбирање, обработка и пренос на точни факти и информации;
  • Познавање и следење на процедурите за безбедност и здравје при работа.


Краток опис на основните одговорности:

  • Одговара за квалитетно извршување на машинските поправки и одржување на опремата и машинските инсталации во производство на БАП и во останатите постројки и објекти на локацијата при што обезбедува најдобра ефикасност и минимален застој на опремата;
  • Врши превентивно, предвидливо и корективно одржување, врз основа на работните налози почитувајќи ги препорачаните технологии и одговара за квалитетот на извршената работа;
  • Ги надгледува и одржува во добри услови по номиналните параметри сите енергетски капацитети (котел, компресори, вентилација, чилери) и инсталации (линии за вода, хемикалии, ладење/греење, компримиран воздух, гасови: CO2, азот, природен гас)
  • Генерира предлози за подобрување со цел да се намали или да се елиминира веројатноста за настанување на периодочни технички проблеми
  • Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
  • Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на одржување и производство.


К
ако да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 11.10.2021 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 часа неделно и работа во три смени.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

Полна чаша на Instagram