
ПЛАНЕР ЗА ТРОШОЦИ ЗА ВРАБОТЕНИ
Детали за работната позиција:
Доколку преферираш динамична работа, цениш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе во интернационална средина, тогаш ова работно место во Одделот за Луѓе и Култура е идеално за тебе – ќе се грижиш за создавање и дизајнирање на извештаите и моделите на Одделот за Луѓе и Култура. Исто така, ќе бидеш активно вклучен/а во дизајнирање, имплементирање и преглед на програмите за наградување како: бенефиции, work-life, придобивки и признанија што Пивара Скопје АД им ги нуди на вработените.
Дали се ова твоите тајни состојки?
- Високо образование – Економски факултет (финансии или сметковотство и ревизија);
- 2 + години искуство во известување, анализа на податоци и буџетирање;
- Искуство во пресметка и исплата на плата;
- Познавање на законски прописи од областа на работните односи;
- Напредно познавање на алатките MS Office особено Excel;
- Изразени аналитички и презентациски вештини, пасија за работа со бројки и извештаи;
- Проактивност, остроумност и ориентираност кон детали;
- Одлично владеење на деловниот англиски јазик.
Краток опис на основните одговорности:
- Учествува во изработка на буџетот поврзан со вработените и месечно следње на трошоците;
- Спроведува анализа на податоци за човечки ресурси и анализа на варијабла за трошоци и надоместоци, број на вработени, анализа и увид за поддршка на деловните одлуки;
- Изработува дневни и месечни извештаи согласно групациските барања;
- Подготвува месечен извештај за пресметка на плата и координација и контрола на работата на надворешната компанија за изработка и исплата на плата ;
- Соработува со адвокатски канцеларии поврзана со експати;
- Учествува во дизајнирање, спроведување и администрирање на иновативни планови за стимулации, придобивки и награди;
- Учествува во анализи на трендовите на пазарот на труд (како анкети за плати, бенефиции и останати придобивки);
- Подготвува одлуки за исплата на надоместоци и останати административни активности.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои би сакале да станат потенцијален канидат и една од нашите тајни состојки, потребно е да изразат интерес на следниот начин:
- да пристапат на полето апллицирај (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 28.11.2021 год.
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа дневно.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.