ЗАШТЕДАТА НА ЕНЕРГИЈА КАКО ДЕЛ ОД СЕКОЈДНЕВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ

Пивара Скопје е компанија која се води од принципите на општествена одговорност и одржлив развој во сите сегменти на своето работење, при што една од областите на кои особено се фокусираме е заштитата на животната средина.

Грижата за животната средина е многу повеќе од само исполнување на законските обврски. Кај нас, во Пивара Скопје, тоа е начин на секојдневно однесување, работа и одговорност на сите вработени. Имаме намера ваквата грижа да ја споделиме со сите засегнати страни (купувачите, потрошувачите,  добавувачите и сите други) со цел заедно да постигнеме поголем успех. Сето тоа го правиме за да обезбедиме одржливост на светот во кој живееме. Пивара Скопје се истакнува во заедницата поради своите инвестиции во заштедата на енергија и заштитата на животната средина.

Посветени сме на растот на нашиот бизнис, но не и на растот на емисиите на јаглерод диоксид. Во рамките на нашите напори за заштеда на енергија и енергетска ефикасност, како и за заштита на климата, се фокусираме на оние области на нашиот бизнис преку кои можеме да постигнеме најзначајни позитивни промени. Се стремиме кон подобрување на еколошките перформанси на нашата опрема за ладење. Исто така, постојано работиме на зголемување на енергетската ефикасност и заштедите во рамките на нашите производни погони.

Покрај континуираното создавање најдобри брендови со неприкосновен квалитет, нашата мисија како компанија е обезбедување одржлив развој на компанијата и на заедницата.

Еден пример за тоа како влијаеме е нашата долга традиција на донирање енергетски ефикасни улични светилки како дел од долгорочниот проект на Пивара Скопје за грижа за средината и поддржување на општините со зголемување на стандардите на урбаното живеење. Стилизираните канделабри со вградени енергетски ефикасни светилки овозможуваат заштеда на електричната енергија која се користи за осветлување на јавниот простор.

Многу места во Македонија се опремени со енергетски ефикасни светилки и друга урбана опрема донирана од страна на Пивара Скопје. Скопје, Охрид, Прилеп, Струмица, Крива Паланка, Битола, Ресен и други општини се дел од овој проект кој продолжува и понатаму.

Во 2011 година, еден ден пред почетокот на „Пивофест“, Пивара Скопје на градот Прилеп и на неговите граѓани им донираше нови стилизирани светилки со кои се исполни нашата заложба: покажување интерес кон потребите на граѓаните и грижа за животната средина. Подарокот на Пивара Скопје за градот Прилеп е убав пример за тоа како бизнисите и општините можат заеднички да придонесат за задоволството на локалните жители, истовремено грижејќи се за околината. Пивара Скопје успешно соработува со градот Прилеп на неколку основи и овој проект е само една од нив.

Повеќе од 50 стилизирани светилки кои на центарот на Струмица му дадоа нова естетска вредност, беа донирани од страна на Пивара Скопје на жителите на Струмица во 2013 година, означувајќи го  почетокот на „Опен фестивал“, кој секоја година се зачинува со ладно пиво, одлична забава и заедничка грижа за средината. Градскиот парк доби нов сјај со новите светилки, со што стана омилено место за релаксација и престој на жителите и посетителите на Струмица.

Активноста која овозможи освежување на сликата на централниот парк беше спроведена во соработка со Општина Струмица, која ги презеде потребните градежни работи и спроведе електрична инсталација за поставување на светилките.

Пивара Скопје посветува големо внимание на градењето компаниска култура врз основа на одговорно однесување и зачувување на основните природни ресурси, не само на работното место, туку исто така и во секојдневниот живот на нашите вработени, купувачи, потрошувачи и други засегнати страни.

 

Полна чаша на Instagram