
ПИВАРА СКОПЈЕ ГО ДОБЛИЖУВА ВКУСОТ НА АРКТИКОТ – ГО ПРОШИРИ ПОРТФОЛИОТО СО ВОТКАТА FINLANDIA
Во Пивара Скопје континуирано го развиваме нашето портфолио за да нудиме пијалаци за секоја пригода во текот на денот, 24/7. Ова вклучува проширување на нашите врвни понуди за премиум жестоки пијалаци и додавање нови категории. По тој повод, со големо задоволство споделуваме дека oд 01.02.2024 ја преземаме дистрибуцијата на вотката Finlandia во нашата земја. Достапни ќе бидат следните вкусови: Classic, Cranberry, Lime, Grapefruit, Redberry и Blackcurrant, како и два вкуса од Finlandia Botanical – Wildberry & Rose и Cucumber & Mint.
Во светот на жестоките пијалаци, Finlandia се издвојува како осамен ирвас во снежна финска шума. Лесна и мека на вкус, овој нордиски еликсир со децении ги загрева срцата на консументите ширум светот. Ајде да нурнеме подлабоко во овој бренд со неколку забавни факти!
Арктичка елеганција – Вотката Finlandia потекнува од малото село Коскенкорва кое се наоѓа во Арктичкиот Круг и секое шише со дизајн на стакло од светска класа доаѓа од Финска.
Суоми дух – Finlandia гордо ја носи титулата „национална водка на Финска“. Таа е прв пијалак што го избираат жителите на земјата на илјада езера.
Јачмен што зрее под полноќното сонце – Оваа вотка е направена од најдобриот суоми (фински) јачмен, нордиско зрно кое е доволно издрживо дури и на суровите фински зими. Летното сонце таму не заоѓа цели 72 дена, што е совршен услов за растењето на јачменот.
Со посветеност до краен производ – Откако ќе се преработи јачменот, истиот поминува низ повеќе од 200 чекори за дестилација за повеќе од 50 часови под будното око на мајсторите-дестилери. На крајот на овој процес се додава чистата вода од изворот на глечерот Рајамаки.
Чиста како глацијална вода – Finlandia се произведува со чиста глацијална изворна вода која природно се филтрира и потекнува од недопрената природа, без никакви дополнителни третмани.
„Постојано работиме на развивање на нашето портфолио со визија да бидеме 24/7 партнер за пијалаци на нашите купувачи и потрошувачи. Finlandia има голем потенцијал во нашиот регион и е целосно комплементарна со нашето веќепостоечко портфолио. Би сакал да му се заблагодарам на целиот тим кој напорно работи кон создавање на дополнителна вредност за сите наши партнери“, изјави Игор Обрадовиќ, менаџер за развој на нови бизниси во Пивара Скопје.
Со проширувањето на портфолиото, Пивара Скопје дополнително ја зајакнува позицијата на овие брендови како прв избор за премиум квалитетно искуство, и продолжува да испорачува најдобар квалитет на пазарот.