EДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА БЕСПЛАТНАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“ КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ON-LINE И СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

Што ќе научам?

Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.


Животни вештини (јас и другите)                                    

  • Модул 1 – Разбирање и развој на себе
  • Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
  • Модул 3 – Фидбек
  • Модул 4 – Себе претставување

 

Бизнис вештини (јас и работата)

  • Модул 1 – Управување со проекти
  • Модул 2 – Управување со време
  • Модул 3 – Деловно планирање
  • Модул 4 – Преговарање
  • Модул 5 – Финансиска писменост
  • Модул 6 – Продажни вештини
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Која е целта на оваа обука?

Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.

Колку време трае обуката?

Обуката ќе се оддржи во Едукативниот центар на Пивара Скопје на 24-ти, 25-ти и 26-ми јули 2024 година, од 17:00 до 20:00 часот и воедно ќе може да се следи online на Zoom. Линк за пристап за следење на обуката ќе добиете на пријавената e-mail адреса.

Кој ја реализира наставата?

Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.

Како да се пријавам?

За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје или на следниот линк.

До кога треба да се пријавам?

Рокот за пријавување е до 23.07.2024 (вторник) до 12:00 часот.

Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram