МАГДАЛЕНА ЈАНЕВА – ОД УЧЕСНИК ВО COKE SUMMERSHIP ДО МЕНАЏЕР ВО ПИВАРА СКОПЈЕ

Магдалена, ти беше учесник на првото издание на Coke Summership летната пракса на „Пивара Скопје“. Какво беше твоето искуство во ова пилот-издание и како ова искуство те подготви за она што следуваше во твојот кариерен развој во „Пивара Скопје“?

-Моето искуство со првото издание на Coke Summership беше навистина инспиративно и претставуваше отворање на нов свет за мене. Како млад човек кој штотуку завршил со студии, оваа програма ми даде можност да навлезам во професионалниот свет на вистински начин, преку работа на проекти, со ментори, со реални задачи. Ми помогна да ја разберам компанијата однатре и да стекнам вештини и контакти што подоцна беа клучни за мојот развој. Тоа беше почеток на едно патување што и денес ме води напред.

Почна како практикант, а сега си менаџер за планирање на побарувачката и водиш сопствен тим. Кои вештини што ги научи на Coke Summership ти беа најкорисни за напредувањето во компанијата?

– Највредните вештини што ги понесов од Coke Summership беа комуникацијата, тимската работа и презентациските вештини. Научив колку е важно да се слушаат различни мислења, да се биде отворен и флексибилен. Исто така, самата изложеност на различни сектори и луѓе уште од првиот ден ми помогна полесно да се снаоѓам и да разберам како функционира целиот систем, ме научи како да бидам проактивна и како да се справувам со предизвици, што ми помогна многу во текот на мојата кариерна еволуција.

Можеш ли да споделиш конкретен момент, предавање или проект од Coke Summership што имал трајно влијание врз тебе или твојата кариера?

– Се сеќавам на еден проект каде што требаше да направиме анализа и предлог за подобрување на еден интерен процес. Работевме како тим, со ментори кои нè насочуваа, и првпат почувствував како изгледа да се води проект од почеток до крај. Тогаш разбрав колку е важно секој член на тимот да даде свој придонес и колку е моќно чувството кога заедно постигнувате резултати. Тој проект ми ја отвори вратата кон аналитичко размислување и кон понатамошниот интерес за планирање и supply chain.

Како се смени твојата перспектива за компанијата од времето кога беше дел од Coke Summership досега?

– Во почетокот ја гледав „Пивара Скопје“ како голема и сериозна компанија каде што се бара многу знаење и искуство. Денес, по 5 години, таа дефиниција е проширена, ја гледам како компанија што дава вистинска поддршка за развој, вложува во луѓето и создава можности за напредување. Тоа што најмногу ме инспирира е што вреднуваат млади таленти и секогаш има простор за гласот на секој поединец да биде слушнат.

Кое е твоето лично видување за ваквиот вид пракса, да можеше да се вратиш повторно како учесник, дали би променила нешто во твојот пристап кон учењето?

– Сметам дека ваквиот тип пракса е одлична можност за младите да видат како изгледа реалната работа и да го откријат својот потенцијал. Ако би се вратила, би била уште поотворена за прашања, би барала уште повеќе повратни информации и би се трудела да изградам подлабоки врски со колегите од различни сектори. Секоја интеракција во таа фаза е можност за учење.

Беше дел и од Women in Leadership програмата во рамките на Coca-Cola HBC каде што стекна дополнителни лидерски вештини. Сега како менаџер, како ги поддржуваш и менторираш младите, црпејќи од твоето лично искуство?

– Искуството од Women in Leadership програмата ми помогна да ја разберам важноста на емпатијата, слушањето и менторството. Како менаџер, се трудам да бидам достапна и отворена за мојот тим – да ги охрабрувам да пробуваат, да грешат и да учат. Верувам дека секој има потенцијал и моја улога е да создадам средина каде што тој потенцијал ќе може да се развива.

Каков совет би им дала на младите кои размислуваат да се пријават на годинашното издание на Coke Summership?

– Мојот совет е: пријавете се без двоумење! Ова е уникатна можност да научите, да се поврзете со професионалци и да го откриете вашиот кариерен пат. Бидете љубопитни, отворени за нови искуства и не плашете се да прашувате. Никогаш не знаете – можеби токму оваа пракса ќе ви го одреди кариерниот пат, како што се случи и кај мене. И уште нешто, не плашете се ако нешто ви изгледа непознато или предизвикувачки. Секоја нова ситуација е шанса за раст. Праксата не е само учење за работата, туку и за себе – како размислувате, како соработувате, како реагирате на предизвици.

АПЛИЦИРАЈ ТУКА

Рок за аплицирање: 6-ти јуни

Програмата се реализира од 1-ви до 31-ви јули

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram