

10 СОВЕТИ ЗА ОДГОВОРНA КОНСУМАЦИЈА НА АЛКОХОЛ


Храна. Не пијте на празен стомак. Пред да почнете со пиење помеѓу пијалаците секогаш јадете храна што содржи јаглехидрати. Јадењето ја успорува апсорпцијата на алкохолот и ви дава повеќе енергија за уживање.
Вода. Комбинирајте ги вашите пијалаци со вода. Водата ви помага да бидете хидрирани и ја намалува количината на пиење. Пијте една чаша вода пред да одите на спиење.
Ладете помалку. Ако уживате во ладно пиво или две, не ставајте повеќе од тоа во фрижидерот секој ден. Иако имате повеќе пива во домот, тие ќе бидат помалу привлечни ако се топли.
Размислувајте за помалку. Одберете помало шише или помала чаша.
Избегнете дополнување. Избегнете дополнувања на чашата, за да имате контрола на внесеното количество алкохол.
Направете место. Пиењето безалкохолни пијалаци по секоj алкохолен пијалак влијае позитивно на расположението.
Внимавајте на бројот на турите. Имајте ја контрола во свои раце (па и заштедете) со оптимизирање на поретки тури или со тоа што ќе пропуштите и по некоја тура.
Имајте го во предвид полот. Ако сте женски пол внимавајте затоа што алкохолот ви влијае посилно од машкиот пол, бидејќи женскиот организам во просек има помала тежина и содржи помала количина вода во организмот.
Определете возач. По пиење одредете некој кој не пиел да ве однесе дома или побарајте такси.
Направете пауза. Дајте му шанса на вашиот црн дроб да закрепне и останете во добра форма.