
1977-00

1978 – Пивара Скопје го добива првото меѓународно признание – сребрен медал за квалитет за пивото СКОПСКО, доделено од Меѓународниот институт за квалитет Monde Selection од Брисел. Во 1981 година СКОПСКО го освојува златниот медал.
1982 – Палетата на производство на компанијата се проширува со квалитетен црвен вински оцет, јаболков оцет и бел дестилиран оцет, кои долги години ќе бидат значаен дел од трпезариските маси на македонските домаќинства, освојувајќи бројни меѓународни награди за квалитет од страна на Меѓународниот институт за квалитет Monde Selection.
1985 – Направено е големо подобрување во производствениот капацитет, зголемувајќи го производството на рекордни 1.000.000 хектолитри годишно.
1987 – Компанијата започнува со производство и продажба на секундарни пивски производи: сув пивски квасец и суво потрошено жито.
1989 – започнува иницијалната фаза од процесот на приватизација на Пивара Скопје, со пренесување на сопственоста во областа на дистрибуцијата и камионите за превоз. Во втората фаза, трансформирани се дистрибутивните центри. Во 1995 година успешно завршува овој сложен процес.
1991 — Пивара Скопје станува овластен произведувач на производите на The Coca-Cola Company во својство на овластенa полнилница. За прв пат, покрај претходната стаклена амбалажа, воведена е и нова амбалажа – пластични (ПЕТ) шишиња и лименки. Со тоа вкупните можности на Пивара Скопје во производството на безалкохолни пијалаци достигнаа 948.000 хектолитри годишно.
1993 — На пазарот излезе „Стар лисец“, нова посилна варијанта на СКОПСКО, која наскоро ќе придобие свои верни фанови.
1998 — Пивара Скопје станува дел од големото семејство Heineken, кога грчките компании Hellenic и Атинска пиварница во сопственост на холандската компанија Heineken стануваат сопственици на 51 отсто од акциите на Пивара Скопје.