ПОСТАВЕНО Е ШЕСТОТО COCA-COLA ПАРКИРАЛИШТЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО СКОПЈЕ

Забележувајќи дека велосипедот станува потреба како најефикасно превозно средство, коe ja намалува загаденоста на воздухот и животната средина, Пивара Скопје сака да го поддржи здравиот начин на живот поставувајќи го шестото паркриралиште за велосипеди.

Неговата локација се наоѓа спроти City Gallery  на градскиот плоштад во Скопје. Покрај ова паркиралиште поставени се уште пет во текот на изминатата година и тоа: кај Фонтана – Парк, Градски парк – кај арена Филип Втори, кај хотел Holiday Inn, на улица „Максим Горки“ во Центар и кај City mall. Во текот на годината имаме во план да поставивме уште неколку ширум земјата.

„Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola постојано реализираат нови и иновативни проекти кои ја покажуваат грижата кон заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа паркиралишата за велосипеди, ние како Пивара Скопје ќе дадеме свој придонес во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт со висок потенцијал за намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина.“, изјави  директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

Проектот е реализиран во соработка со Градот Скопје, а партнер е и здружението #НаТочак кое даде свој значаен придонес во успешна реализација на проектот.

Полна чаша на Instagram