
АКТИВЕН ЖИВОТ ВО ЖЕШКИТЕ ДЕНОВИ
Без разлика како практикувате да останете во топ форма, дали планинарите, трчате или возите велосипед, летните високи температури може да ве доведат во опасна ситуација. Ако знаете рано да ги идентификувате вообичаените знаци на сончаница и да ги користите следниве основни совети за превенција на топлотен удар, ќе можете безбедно да пристигнете на вашата крајна дестинација.
Првиот чекор кон спречување на сончаница е да сте запознаени со вообичаените знаци и симптоми на нејзино јавување:
– Обилно потење;
– Забрзано чукање на срцето;
– Замор и вртоглавица;
– Главоболка.
Ако продолжите со активноста и покрај овие предупредувачки знаци, ќе ја зголемите можноста од топлотен удар. Топлотниот удар претставува посериозна состојба која бара итна медицинска помош. Покрај симптомите погоре, постојат и други чести симптоми:
– Зголемена телесна температура, често поголема од 39 °C;
– Збунетост, дезориентираност;
– Сува и црвена кожа;
– Губење свест.
Кога ќе ги почувствувате овие симптоми, преместете се на сенка или некое поладно место за да ја намалите телесната температура и повикајте помош што е можно поскоро. Имајте на ум дека не се препорачува брза рехидратација при појавување на топлотен удар.
Совети за избегнување на сончаница
- Носете материјали кои брзо ја впиваат потта!
За да ја одржите телесната температура на нормално ниво, потта од вашето тело треба да ја оставите да испари. Користењето материјали кои ја заробуваат топлината и потта на вашата кожа имаат тенденција да ви ја зголемат температурата. Наместо тоа носете лесна облека од материјали кои брзо впиваат со што полесно ќе се ослободува топлината од вашето тело.
- Пијте вода!
Колку некој се поти варира во зависност од индивидуата. Без разлика на тоа, ако при било каква активност не ја надополнувате течноста која ја губите со потењето, лесно ќе се јави дехидрирање. Осигурајте се дека правилно се хидрирате пред и при вашата активност. Во екстремни временски услови обично се препорачува пиење на две или повеќе шишиња вода од 500 ml во тек на еден час.
- Избегнувајте активност во најжешкиот дел од денот!
Иако понекогаш е невозможно, сепак избегнувајте било каква понапорна физичка активност во интервал од 13:00 до 17:00 часот. Ваквите активности во раните утрински часови се идеални бидејќи температурата е пониска, како и УВ-индексот, кој исто така може да помогне во спречување на појава на сончаница. При активноста, темпото треба да ви е постојано бидејќи вашето тело ќе мора да работи понапорно само за да ја одржи својата нормална температура.
- Прилагодете се на климата!
Ако сепак планирате да возите или трчате на топло време во најжешкиот период од денот, ќе треба да се прилагодите на климата со цел да си ги олесните работите. Практикувајте да излегувате од дома секој ден во исто време- и кога поаѓате од дома, и кога се враќате од дома. Со одржување на овој временски ритам ќе го навикнете телото полесно да се носи со сите несакани проблеми кои може да настанат поради топлината.