Сè она што ние го работиме, го правиме со огромна посветеност и експертиза.
Нашиот правен тим се грижи за тоа компанијата да дејствува транспарентно и одговорно, притоа целосно почитувајќи го локалното законодавство и нашите корпоративни стандарди.
Овој тим се занимава со подготовка на договори, управување и заштита на трговски марки, советување во однос на процесите на развој на нови производи и поврзување со други бизниси и субјекти.
Како член на правниот тим, ќе бидете во контакт со сите функции во организацијата со цел тие да функционираат ефикасно и ефективно, во дадена рамка и во законските граници.