CCHBC И ПИВАРА СКОПЈЕ СО НАЈВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ И РАНГИРАЊЕ ВО СИТЕ ДЕСЕТ НАЈПРЕПОЗНАТЛИВИ РЕЈТИНЗИ ЗА ESG

Со задоволство објавуваме две важни ESG рангирања додека го продолжуваме патувањето кон нашите цели за одржлив развој.

Во моментов имаме највисоки резултати и рангирање во сите десет најпрепознатливи рејтинзи за ESG, што ја потврдува нашата позиција како глобални лидери. Нашата групација е рангирана во најдобрите 1% од 9.400 компании во вкупно 62 индустрии.

Во декември 2023 година, повторно бевме рангирани како најодржлива групација за пијалаци во светот според индексите за одржливост на Dow Jones (DJSI) за 2023 година. Овие индекси се издадени од S&P Global. Рангирањето на S&P Global Sustainability Yearbook 2024 сега е јавно достапно и го потврдува нашето глобално рангирање како број еден во индустријата за пијалаци. Еве што велат бројките:

– Ова е седми пат како сме рангирани број еден во индустријата за пијалаци;
13-та година по ред се појавуваме меѓу трите компании со најдобри резултати.
– Нашиот резултат нè позиционира во првите 1% од 9.400 компании во 62 индустрии.
– Имаме Двојна „А“ оценка од CDP

Второто големо достигнување е годинашното подобрено рангирање од CDP (глобална, еколошка непрофитна организација) за клима и вода. Во двете категории го постигнавме највисокото рангирање „А“, за разлика од „А-“ во претходната година. Оваа двојна „А“оцена од CDP го препознава нашето лидерство во корпоративната транспарентност и перформанси. Со големо задоволство се придружуваме на малиот број компании кои постигнаа двојна „А“ оценка од нив.

По тој повод, накратко зборувавме со Александар Бојаџиски – Директор на операции Пиво, и Горан Стојковски – Директор на Ланецот на снабдување за нивните гледишта во однос на одржливиот развој и каде ја гледаат Пивара Скопје во иднина.

„Како Директор на операции Пиво, моите лични заложби за одржлив развој вклучуваат неколку аспекти. Најпрво, намалување на CO2 емисиите преку имплементирање на стратетии за намалување на потрошувачката на енергија и користење на обновливи извори на енергија, што е во рамките на нашата заложба за Нула емисии на CO2 во атмосферата до 2040-та година. Второ, преку имплементирањето на технологии за штедење на вода и практики за минимизирање на потрошувачката на вода при процесот на правење пиво, континуирано успеваме да ја намалиме потрошувачката на вода. До овој момент, во споредба со 2023-та година, потрошувачката на вода е намалена за 4%.

Подеднакво важни се и користењето на одржливи состојки преку приоретизација на локални, органски производи и градење соработка со добавувачи кои ги делат нашите вредности и заложби за одржлив развој, како и постојано градење на двонасочен однос со заедницата во која делуваме во насока на подигнување на свеста за одржливиот развој преку учество во различни еколошки акции.

Преку реализирањето на сите овие заложби во процесот на правење пиво, моја лична цел е не само намалување на еколошкиот импакт, туку и позитивен придонес кон пошироките цели за одржлив развој, како на заедницата, така и на индустријата“.

„На локално ниво, во делот на безалкохолни пијалаци, инвестирањето во современа технологија за ладење на флуиди во енергетскиот дел (Free-Cooling Chiller System), надоградбата на изолациските системи за термичките инсталации со користење нови поефективни изолирачки материјали, како и подобрувањето на ефикасноста на работењето на линиите за пакување, придонесоа за намалување на потрошувачката на енергија и вода.

Резултатите за 2023 покажуваат дека соодносот на потрошувачката на енергија е подобрен за 33%, а за вода 20% во споредба со истиот период претходната година.

Со воведувањето на иновацијата – прицврстени капачиња за ПЕТ шишиња, како и со понатамошните заложби за зголемено користење на рециклирани материјали во рамки на своето производство, што води кон намалување на отпадот од пакувачки материјали, Пивара Скопје продолжува на патот кон остварување на својата долгорочна мисија за постојан и одржлив развој.

Покрај тоа, ги зајакнавме нашите производни капацитети, ги унапредивме и вештините на нашите луѓе во ланецот на снабдување преку Supply Chain академијата, го олеснивме процесот на работа преку најнова генерација роботизирани технологии со кои се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, и ја зголемивме безбедноста на работното место. Моја лична заложба е континуирано и агилно да продолжиме да ги следиме  трендовите на пазарот и поуспешно ги задоволуваме потребите на нашите купувачи и потрошувачи.

Сите досегашни напори и вложувања на Пивара Скопје во нови технологии истовремено претставуваат гаранција дека компанијата во својата работа целосно и во континуитет продолжува да ги применува највисоките стандарди во оваа област предвидени со европската легислатива и домашното законодавство, почнувајќи од изборот на суровини, преку контролата на процесот на производство, дистрибуција и продажба, па сè до управувањето со амбалажата. Горд сум што овие напори се препознаени и заедно со групацијата на којашто припаѓаме – Coca-Cola HBC, имаме лидерска позиција во ESG оценувањата“.

Продолжуваме заеднички да градиме одржлива иднина!

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram