
ПИВАРА СКОПЈЕ И ОВАА ГОДИНА СО ПОДДРШКА НА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО
Празниците се време кое им го посветуваме на семејството и најблиските. Заедно се потсетуваме на успесите и предизвиците, тие се првите на кои им посакуваме среќна и успешна Нова Година.
Пивара Скопје се гордее што и оваа година е дел од семејството на СОС Детско село и заедно придонесуваме за подобра иднина на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите семејства.
Токму затоа, и оваа година наместо новогодишни корпоративни подароци, средствата ги наменивме за поддршка на СОС Детско село.
Воедно, им благодариме на децата од СОС Детско село што и оваа година учествуваа во креирањето на нашата корпоративна новогодишна честитка, каде преку цртежи изработени на работилницата „Свет без отпад“ ги пренесоа нивните пораки и желби за Новата Година.
Ви посакуваме успешна и среќна 2022 година, ајде да придонеceме за уште повеќе добри дела.