COCA-COLA ОСНОВА ФОНД ВРЕДЕН 31 МИЛ. ДОЛАРИ ЗА ОБНОВА НА ЈАПОНИЈА
Системот на Coca-Cola, чиј дел е Пивара Скопје АД, се приклучи кон хуманитарните активности наменети за помош и обнoва на погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес и цунами во Јапонија
Компанијата Coca-Colа основа фонд преку кој ќе се обезбедат средства во висина од вкупно 31 милион американски долари (2,5 милијарди јени) наменети за санирање на последиците и поддршка на напорите за обнова на подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија во текот на следните три години. Основањето на Фондот на Coca-Cola за обнова на Јапонија се надоврзува на досегашната поддршка во ублажувањето на последиците од катастрофата во Јапонија, за што Coca-Cola компанијата веќе донираше 7,3 милиони долари (600 мил. јени), вклучувајќи ги и над 7-те милиони шишиња со потребни пијалаци, како што се вода, чај и спортски напитоци кои им беа испорачани на националните и локалните власти во подрачјата погодени од катастрофата.
Основањето на Фондот на Coca-Cola за обнова на Јапонија го најави претседателот на Управниот одбор и главен извршен директор на Coca-Cola Компанијата, Мухтар Кент при неговата неодамнешна посета на Токио и областите погодени од земјотресот и разорното цунами.
Длабоко сум трогнат од она што го видов и слушнав, но истовремено импресиониран сум од напорната работа и истрајноста на сите што се вклучени во напорите за обезбедување помош за настраданите и поддршка во обнова на погодените области. Нашата визија за Фондот за обнова е главно да се помогне во изградбата на училиштата и другите објекти наменети за децата погодени од оваа трагедија, изјави меѓу другото Кент, додавајќи дека Фондот на Coca-Cola за обнова на Јапонија ќе биде отворен и за донации од компаниите кои на глобално ниво се дел од системот на Coca-Cola.
Сите ние во Пивара Скопје длабоко сочувствуваме со страдањата на луѓето погодени од трагедијата во Јапонија. Горди сме што, како дел од системот на Coca-Cola ќе му помогнеме на јапонскиот народ во санирањето на последиците од природната катастрофа што го потресе целиот свет, изјави Констатинос Спанудис, генерален директор на Пивара Скопје АД.
Пивара Скопје АД е дел од системот на Coca–Cola Компанијата, која на светско ниво е број еден провајдер на безалкохолни пијалаци, преку најголемиот систем за диструбуција, кој секојдневно опслужува потрошувачи во над 200 земји од светот.