COCA-COLA СЛАВИ 125 ГОДИНИ СПОДЕЛУВАЊЕ СРЕЌА СО ЦЕЛИОТ СВЕТ

Coca-Cola ja прославува 125-годишнината заблагодарувајќи им се на луѓето од целиот свет и гледајќи кон иднината

Светот прославува 125 години споделување среќа од уживањето во Coca-Cola. Со организација на иновативни, промотивни и општествено одговорни програми во текот на целата година и ширум светот, Coca-Colа им се заблагодарува на сите кои го овозможуваат освежувањето на светот уште од моментот на појавата на првата Coca-Cola на 8-ми мај 1886 година.
„Не би го достигнале овој важен момент без оние кои ги обожуваат нашите брендови, бидејќи секој што уживал во Coca-Cola во изминатите 125 години имал улога да ни помогне да го освежиме светот,“ изјави Мухтар Кент, Претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Coca-Cola Компанијата. „Во текот на оваа година, ние сакаме да прославиме заблагодарувајќи им се на луѓето во целиот свет кои го изградија брендот во она што е денес. Им благодариме на нашите соработници, потрошувачи, партнери и на сите кои ја обожуваат Coca-Cola“, потенцираше Кент.
И Пивара Скопје АД, како дел од системот на Coca-Cola, ja одбележува 125-та годишнина во текот на целата година, со голем број проекти и активации.

„Горди сме што сме дел од системот кој несомено е број еден добавувач на безалкохолни пијалаци во светот, но она што навистина не прави среќни е што со нашата работа, придонесуваме кон создавањето и споделувањето среќа и уживање во освежувањето со најпознатиот пијалак на светот Coca-Cola, заедно сo голем број луѓе во над 200 земји од светот” изјави по овој повод Генералниот директор на Пивара Скопје АД Константинос Спанудис, честитајќи им ја на потрошувачите во Македонија и во целиот свет, 125 годишнината на Coca-Cola.

Во чест на годишнината Coca-Cola Компанијата издаде книга која ги содржи рекламите, фотографиите и уметничките дела за Coca-Cola, како одраз на важноста на брендот во популарната култура во текот на изминатите 125 години. Книгите ќе бидат достапни во малопродажната мрежа во целиот свет на www.assouline.com. Исто така, креиран е и еден вид виртуелен музеј кој на посетителите на интернет страницата www.theverybestofcocacola.com им овозможува 3 димензионална онлајн тура на артефакти за Coca-Cola кои никогаш не биле видени претходно.

Coca-Cola беше создадена на 8 мај 1886 година во Атланта, Џорџија (САД) од страна на д-р John S. Pemberton.

Полна чаша на Instagram