COCA-COLA СО ДОНАЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА
Додека продолжуваме да ги сведочиме разорните ефекти на земјотресите во Турција и Сирија, Coca-Cola системот реши да преземе неколку акции за помош на локалното население кое беше директно погодено од овие природни катастрофи. Преземени се следните дејства:
∙ Oдржување на близок контакт со тимовите во погодените области;
∙ Изготвен е хуманитарен план за итна помош заедно со локалниот партнер за флаширање;
∙ Фондацијата Coca-Cola се обврза да донира 1 милион американски долари на турската „Црвена Полумесечина“ и работи со CARE International за да ги поддржи нивните напори во Северна Сирија.
На овие напори се надоврза и Coca-Cola HBC со донација од 100 илјади евра и отворен апел до сите вработени да донираат лично. Дополнително, за секоја донирана сума од вработен на некоја од релевантните организации, Coca-Cola ќе ја надополни истата сума.
Нашите мисли се со сите оние чии животи беа погодени од оваа страшна катастрофа.